ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Скопјани и натаму ќе чекаат автобуси со часови, Арсовска објави нов оглас за приватните превозници

April 11, 2023 17:13
in PMD, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иако според најавите овие денови се очекуваше градоначалничката Данела Арсовска да соопшти кому се доделени трите пакет-линии за превоз на 16 автобуски линии, со што конечно би се нормализирал јавниот превоз во Скопје, таа вчера објави нов јавен оглас, односно го повтори оној што беше објавен на 6 март, со истите побарувања и услови како во претходниот.

Тоа значи дека претходниот оглас пропаднал, поточно бил неуспешен, засега од непознати причини, кои градоначалничката би требало да ги објасни наредниве денови. Нејасано е што е она што се случило во периодот од отворање на понудите на 27 март до денес, затоа што, според изјавите на Јовица Зафировски, кој ги предводеше преговорите со Град Скопје, приватните превозниците очекуваа наскоро да се вратат на улиците. Тој дури и објасни дека се пријавиле за сите три пакети преку три фирми „Јофи бус“, „Вестор транс“ и преку „Радост компани“. Денеска Зафировски беше недостапен на својот телефон.

Според новиот оглас, исто како и претходно, се бараат превозници на 16 линии, поделени во три пакети. Во првиот пакет се опфатени линиите со број 23, 45, 61, 63 и 73, за чие опслужување се потребни најмалку 35 автобуси и 76 возачи. Вториот пакет се однесува на превоз на линиите 9, 11, 11А, 12, 47А и 55. За автобусите да можат редовно да сообраќаат на овие релации, потребни се 39 автобуси и 83 возачи. И третиот пакет ги опфаќа линиите 19, 20, 22, 52 и 54, за што се бараат вкупно 41 автобус и 87 возачи.

И според новиот оглас доделувањето на линиите ќе се изврши по пат на евалуација на поднесените пријави, врз основа на утврдени критериуми наведени во документацијата за јавениот оглас што ќе се одржи на 27 април во 12 часот во барака број 13, а како што се наведува во огласот, пакетите линии ќе се доделуваат за период до две години, со можност за продолжување, но не повеќе од вкупно пет години.

Критериумите за избор на најповолна пријава, начинот и постапката подетално се дадени во документацијата за јавниот оглас, а генерално ќе се вреднуваат според следниве критериуми: возен парк, човечки ресурси, техничка логистика и искуство во вршење на општински линиски превоз на патници – се наведува во огласот.

Проектот за БРТ никогаш не започна да се реализира, а Арсовска, која по преземањето на функцијата изјави дека нема да има БРТ, неодамна го смени мислењето и изјави дека проектот се ревидира, отстранети биле недостатоците и дека е во почетна фаза, без да прецизира кога би стартувал на терен.

Во меѓувреме, Арсовска направи два обида да се „избори“ за набавка на нови автобуси со задолжување од 10 милиони евра во некоја од домашните банки, но беше одбиена од советниците во градскиот Совет. Дури и ЈСП во својата амбициозна Програма за инвестиции годинава испланирало набавка на дури 100 нови автобуси за 65 милиони евра преку субвенции.

Извор: Градска.мк

Tags: Данела АрсовскаПриватни превознициСкопје
Next Post

Прекинат бојкотот на машиновозачите, од утре целосно нормализирање на железничкиот сообраќај

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk