ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Одредбата за 60-часовна работна недела би била неуставна доколку се однесува на сите работници

April 12, 2023 18:02
in ДЕНЕС, ПРАВДА

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска изјави дека со измените и дополнувањата на Законот за работни односи, поврзани со коридорите 8 и 10д и 60-часовната недела се предвидува ангажирање на работници за прекувремена работа со нивна согласност.

Тренчевска рече дека понекогаш процесите за изградба на инфраструктура бараат итност, а некои не можат да се прекинат. Оваа одредба би била неуставна, додава таа, само доколку 60-часовната недела се однесува на сите работници.

Се работи за стратешки проект и од национален интерес за државата. Се работи за прекувремена работа исклучиво со согласност на работникот и не се работи за прекувремена работа на сите ангажирани работници туку се работи за прекувремена работа само доколку процесот го бара тоа. Во градежништвото особено во инфраструктурата има одредени процеси што бараат итност и во тие случаи ќе имаме прекувремена работа на работникот којашто ќе биде платена согласно законската регулатива во државата, меѓутоа прекувремена работа исклучиво само со согласност односно доколку работникот е согласен, изјави Тренчевска во Прилеп.

На прашањето за уставноста на оваа одредба во измените и дополнувањата на Законот за работни односи, Тренчевска вели дека оваа одредба би била неуставна доколку се однесува на сите работници.

Неуставна одредба е ако донесеме право на сите работници. Кај нас неделното работно време е 40 часа. Овде велиме за исклучителни проекти, за проекти кои се од стратешки и национален интерес на државата. Не за сите работици. Само онаму каде што процесот бара да биде завршен во одредено време, затоа што во градежништвото има процеси каде што не се дозволува да има одмор туку додека не се заврши процесот да се работи. Во тој случај се дозволува прекувремена работа на работниците. Тоа е предлогот којшто е даден во Собранието од страна на пратениците, вели Тренчевска.

Извор: МИА

Tags: Закон за работни односиТренчевска
Next Post
Фото: Влада.мк

Битиќи: Во првите 48 часа АДА има услужено 1321 граѓанин, АДА ја зголемува транспарентноста, ефективноста и ефикасноста во јавниот сектор

НАЈНОВО

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

Утре посвежо со локален пороен дожд и грмежи, од вторник пораст на температурата

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk