РИБАРО
„Те фотки со јакничка од 500 евра; те брендирана маичка од исто толку пари; те патичиња; па ете ме покрај скара што чини колку просечна плата… Не знам шо ли уште нема да ми облечат за да изгледам фенси-менси типче, а ваму треба да сум, нели, за народот…
Што ми направивте бе луѓе. До каде вака со мене?!“, реагирал Мицкоски кај своите пи-арџии, дознава АХА
„Јес да ми годи да сум таков луцкаст и вицкаст, ама сега ми треба работнички шлем, па едни калливи цокули наместо патичиња, мантија наместо брендирана јакничка… Мора да менувам аутфит за да му се приближам на народот. Нели јас сум месијата, па мора така да почнат да ме доживуваат“, реагирал Мицкоски.
Што правиме со буката за Бехтел и Енка за Коридорите 8 и 10д? Груби нè растури пред комората објавуваќи дека фемкаме ни ваму ни таму, сакам-неќам, прашал Мицко.
Се брукаме прописно, продолжил Мицкоски, со оцрнување на светски компании кои котираат на врвот во бизнис светот.
Каде е Наум?! Колку пати треба да му кажам дека треба да ускокува на вакви настани, прашал Мицкоски.
Ама шефе, сами си бирате што облекувате. Башка во неколку наврати и ви напомнавме дека не е соодветна таа облека, ако сакате да се претставувате како човек од народот, реагирале од пи-ар службата на обвинувањата од Мицко.
Мантија каде да барам? Најдобро е на владиката Петар да му се обратиме, тој секако ќе влегува во новинарство и медиуми, да го замолиме да ми ја позајми.
Барајте го Петар, наш човек е тој, констатирал Мицкоски.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK