ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Руски верски измами: Пропагандата на Кремљ видеата од Грција и Кипар ги прикажува како „сатански обреди“ на Православната црква на Украина

April 25, 2023 21:58
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СВЕТ

Русија продолжува да ја дискредитира православната црква на Украина. Две видеа кружат во медиумите на Кремљ, каналите Z-telegram и на TikTok. На едното видео монасите потпевнуваат и гласно викаат и тропаат по црковниот олтар, а на другото свештеници трчаат околу црквата и расфрлаат цвеќиња.

Како што пренесува Укринформ, пропагандистите на Кремљ тврдат дека на видеата свештениците на Православната црква на Украина наводно спроведуваат „сатански обреди“ и богохулие.

Ова е целосна невистина. Двете видеа немаат никаква врска со Украина. Првото видео е снимено во Грција. Традиција на локалната црква е да прави врева и да вика во храмот на Велика Сабота пред Велигден. Ја симболизира звучната победа на Исус Христос над силите на злото.

Второто видео е снимено на Велигден во црквата Агиос Георгиос во Паралимни, Кипар. Името на свештеникот кој расфрла цвеќиња пред парохијаните е отец Ираклис. На тој начин ја објавува радосната вест – за воскресението на Исус Христос. Ова не е прв пат Ираклис да трча на својата трка, поради што стана локална славна личност.

Ова е продолжување на долгиот список на руските пропагандистички дезинформации со кои преку слоупотреба на религијата ја оцрнува Православната црква на Украина.

Потсетување дека предходно руската пропаганда го фабрикуваше палењето на црквата на Украинската православна црква (Московска патријаршија) во регионот на Миколаев со видео старо 10 години снимено во рускиот регион Астрахан како ново видео од украинскиот регион Миколаев.

претходните руските пропагандисти го злоупотребија собирот на верниците на божествената литургија во близина на Кијивско-Печерската лавра како протестен митинг против иселувањето на претставниците на пратеникот на УОК.

Дополнително, руската пропаганда за агресијата врз Украина е целосно поддржана од Руската православна црква. Нејзиниот поглавар, патријархот Кирил, исто така верно му служи на режимот на Кремљ.

Исто така, на почетокот на руската агресија врз Украина во Кијив беше приведен „свештеник“ од Руската православна црква во Украина кој чувал дома оружје, експлозиви и симболи на Руската империја. Свештеникот на РПЦ им пренесувал на окупаторските разузнавачки информации за движењето на украинската војска и тактиката што ја применуваат вооружените сили“.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј обвини дека влијателната Руска православна црква ја дели одговорноста за конфликтот во Украина и упати укор кон рускиот патријарх Кирил, чиј гласен благослов за инвазијата руската агресија на Украина го подели православието ширум светот,

Извор: ЦивилМедиа

Tags: дезинформацииправославна цркварелигијаруска пропаганда
Next Post

Меѓународниот Црвен крст бара гејмерите да престанат да вршат виртуелни воени злосторства

НАЈНОВО

Украина го осуди незаконското вклучување на пристаништата Бердјанск и Мариупол во пописот на руски пристаништа

August 26, 2025

Српската Алта Груп ја менува стратегијата за преземање на Стопанска банка Битола

August 26, 2025

Муцунски – Кос: Потврдена посветеноста и поддршката за евроинтегративниот пат на државата

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk