По завршување на координираната акција на Кванташкиот пазар која денес Државниот пазарен инспекторат ја спроведе заедно со Управата за финансиска полиција, Министерство за внатрешни работи и Агенцијата за управување со одземениот имот, директорот на ДПИ, Горан Трајковски одржа средба со Дритон Небиу, директор на Агенцијата и заеднички одлучиле запленетата роба од овошје и зеленчук да биде донирана во државните установи каде што е најнеопходна.
„Донации од запленетите овошје и зеленчук предадовме за децата од малите групни домови на Ј.У.Д.Д. ,,11 Октомври. -Скопје, Државно училиште за рехабилитација за деца и младинци со оштетен вид ‘’Димитар Влахов ‘’ Скопје, ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална терапија и медицинска рехабилитација – Скопје, Здружение за слепи лица – Куманово, Ј.З.У Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“, ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“ – Скопје, Институт за белодробни заболувања кај децата Козле, ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје и во КПУ Идризово“, сподели Трајковски.
Изрази благодарност до премиерот на Владата и министерот за економија за дадената поддршката и цврстиот став за решавање на проблемот со високите цени на производите.
„Се работи за доброто на граѓаните и секое заобиколување на законите ќе се санкционира, затоа што системот мора да функционира во целост со доследно почитување на законските прописи. Им благодарам и на пазарните инспектори и на колегите од надлежните институции кои несебично и најпрофесионално си ја завршија работата“, додаде Трајковски.