ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Артан Груби ги раскринка ВМРО-ДПМНЕ околу нивната улога во изградбата на коридорите 8 и 10д

April 26, 2023 11:24
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Вицепремиерот Артан Груби со настапот во Стопанската Комора  ги демантираше сите наводи кои опозициската ВМРО-ДПМНЕ со недели ги пласираше во јавноста, а фрлаа сенка врз исправноста на изградбата на коридорите 8 и 10д и ги натера челниците на партијата да се извинуваат и правдаат дека тие никогаш не биле против изградбата на овие капитални инфраструктурни проекти.

Артан Груби го извади на виделина фактот дека ВМРО-ДПМНЕ свесно го подржал специјалниот закон  со кој на „Бехтел и Енка“ им се даде ексклузивно право без тендер да ги градат четирите автопати од Коридорите 8 и 10д.

Специјалниот закон за Бехтел и Енка како стратешки партнер беше донесен на 15-ти јули, усвоен со 55 гласови „за“ од 101 присутни пратеници, без „воздржани“ и „против“, но ВМРО-ДПМНЕ со своето присуство го овозможи неопходниот кворум.

Но и покрај тоа, оваа опозициска партија секојдневно ја дозираше јавноста со инсајдерски информации од страна на свиркачи дека договорот е штетен по разни основи.

Артан Груби потврди дека имал средби со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицковски, кој пак имал средба со претставници на Бехтел и Енка, потоа Груби се сретнал и со поранешниот министер за транспорт и врски на ВМРО-ДПМНЕ, Мисајловски како и со потпретседателот на оваа партија Александар Николовски во врска со специјалниот закон и со дополнитечните измени. Според Груби сите се согласиле дека тие се потребни и дека и тие имаат нивни предлози за подобрување на законските решенија, но никогаш не ни ги доставиле тие решенија.

Обидите на Владата да ги демантира овие дезинформации завршуваа со нови обвинувања од страна на раководството на партијата на кои се придружија и поголем број медиуми.

Пред претставниците на Стопанската комора на Северна Македонија, Груби со тимот министри повтори дека со овој закон и со договорот е предвидено 51 проценти од ресурсите мора да бидат домашни, или над 600 милиони ќе останат кај домашните фирми. Со тоа беа демантирани сите обвинувања дека 70 проценти од работниците ќе биле странски државјани и дека кај нив ќе оделе сите пари од проектот вреден една милијарда и триста милиони евра.

Напротив, беа категорични и вицепремиерот Артан Груби и министерот за финансии Фатмир Бесими, ова е можност за зајакнување на капацитетите на домашните компании и за отворање нови работни места.

Според Бесими на директен начин тоа ќе значи вработување на најмалку 3.000 работници и индиректно отворање на уште 5.000 работни места, или вкупно 8.000 нови работни места. Над 40 домашни компании веќе оствариле контакт со изведувачот на проектот Бехтел и Енка кои веќе имаат свои канцеларии во Скопје.

Од аспект на инвестиции, од овие предвидени 1,3 милијарди евра на пет години на изведба се номинално 2% од БДП или нови пари за инвестиции од буџетот, потенцираше Бесими.

Првото прашање кое според Груби е тенденциозно наметнато во јавноста од страна на ВМРО-ДПМНЕ е наводната тајност на договорот. Тоа не е точно, тој договор не е државна тајна рече Груби, но секако има доверливи информации и само одредени клаузули не можат да се објавуваат. Но такви се речиси сите договори што ги склучува ЈПДП, а тие се однесуваат на технологијата на работата на компанијата. Тоа рече Груби не е криминал ниту корупција. Такви договори има во ТИРЗ зоните, со компании кои котираат на берза, со ЕБОР и со Светска Банка.

Пенали нема ниту во договорот стои исплата на пенали. Досега не се исплатени ниту еден денар кон фирмата изведувач. Првата исплата ќе биде авансот, а за секој исплатен денар од државата ќе биде објавено на „отворени финансии“. Така граѓаните ќе имаат увид за секоја исплата што ќе биде извршена, рече Груби.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: Frontline

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „Бехтел и Енка“Артан ГрубиВМРО-ДПМНЕкоридорите 8 и 10дмицковски

НАЈНОВО

Јапонски суд ја укина глобата од 84 милијарди евра за нуклеарната катастрофа во Фукушима

June 6, 2025

(ФОТО) Охридската чаршија е препуштена на стихијата и тука секој прави што сака, алармираат Охрид SОS

June 6, 2025

Максим Димитриевски повторно кандидат за градоначалник на Куманово

June 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Трамп рејтинг

    Зошто овие 12 земји беа на списокот на Трамп за забрана за патување во САД?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск сподели видео – Трамп на забави на сексуалниот престапник Епштајн, драматично влошување на односите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На „победата” и се кратки нозете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Да ги оставиме на страна партиските интереси, да го трасираме патот кон ЕУ со темелни реформи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk