ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Прекршочни налози за Кванташки пазар, увозници на овошје и зеленчук и трговски ланци, следат и кривични пријави за затајување на данок

April 26, 2023 14:12
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Издадени се прекршочни налози за Кванташки пазар, за увозници на овошје и зеленчук како и за субјекти во трговијата на мало, а ќе следат и кривични пријави за трговски субјекти за кои е утврдено затајување на плаќање на давачки кон државата.

Ова денеска го соопштија на прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши заедно со Директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски.

Министерот Бектеши кажа дека Државниот пазарен инспекторат во кординација со сите надлежни институции кои се во надлежност на Владата, почнувајќи од Државниот пазарен инспекторат, Финансиската полиција, Царинската управа, Управата за јавни приходи ќе продолжат со засилени акции на терен со цел да се почитуваат Одлуките на Владата за цените на основните прехранбени производи.

„Во текот на оваа недела ќе бидат доставени и кривични пријави за непочитување на одлуките на Владата. Нема да има никакви отстапки за никој што не ги почитуваат одлуките на Владата. Во текот на вчерашниот ден се одземени над 15 тони овошје и зеленчук и акциите ќе продолжат. Има прекршочни пријави и за управителите на Кванташки пазар, компанијата Анмарк ДООЕЛ, има казни за увозници на овошје и зеленчук за компаниите Астра фреш, Савари, Атлантик, Фрута-Фрукта, Стрима, Нехар фреш, Ема стил и други, а секако има и казни за трговците на мало како што се Веро, Стокомак, Кипер, Зендолино, Тинекс, Миса МКБ и нема да застанеме со акциите и контролите тука, ќе продолжат секојдневно“ кажа министерот Бектеши и најави дека Одлуката за замрзнати цени на основни прехранбени производи ќе е продолжи и во наредниот период.

Министерот потенцираше дека избегнување на давачки од над 10.000 евра е кривично дело и веќе се утврдени прекршоци во овој дел за што ќе следат кривични пријави.

„Утврдивме дека некоклку компании тоа го направиле, при крај се анализите на Финасиска полиција и за други компании и до петок ќе бидат покренати кривични постапки. Владата, институциите си ја вршат навремено својата работа, со цел да ги заштитат потрошувачите и да не дозволат во вакви времиња да се прават профити“ кажа министерот Бектеши.

Директорот на државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски изјави дека на Кванташки биле констатирани многу прекршоци. Затекнати се трговци кои не водат евиденција во трговија, рече тој, а одземените стоки се предадени до Агенцијата за управување со одземен имот.
„Во текот на минатиот ден Државниот пазарен инспекторт во координација со Финансиска полиција и МВР изврши увид на Кванташки пазар каде што се констатираа многу прекршоци. Изречена е глоба за Кванташкиот пазар, но и за многу увозници и она што е затекнато е дека и физички лица кои немаат регистрирана дејност вршат продажба на производи. Во рамките на нашите надлежности ќе продолжиме да вршиме контроли низ целата држава и нема да дозволиме непочитување на мерките. Од она што вчера е констатирано е дека има трговци кои не водат евиденција спротивно на член 28, став 1 од Законот за трговија и сторени прекршоци по член 57 став 1 од Законот, член 51 став 1, точка 6 од Законот за трговија одземени се стоки во вредност од 15 тони, беа распределени заедно со Агенцијата за одземен имот и се предадени на одредени институции“ кажа директорот Трајковски.

Директорот Трајковски најави дека од денес сите инспектори кои констатирале прекршок ќе се појавуваат на судските рочишта, и тоа мора да биде пракса.

“Апелирам до сите економски субјекти, практиката, едната опција е да си ги земат платните налози и да си платат, а другата опција е да си го остварат своето право доколку имаат забелешка преку судска постапка. Од денеска сите инспектори кои констатирале прекршок кај економските субјекти ќе се појавуваат на судските риочишта и ќе ги застапуваат и ќе ги бранат законските одредби според кои ги изрекле прекршоците. Законите мора да фонкцинираат и ќе функционираат. Нашата цел е доследно почитување на законите и функционирање на системот, а граѓаните ги охрабруваме да ги пријавуваат неправилностите кои ги нарушуваат нивните потрошувачки права“ кажа директорот Трајковски.

Tags: економијаМакедонија
Next Post

СДСМ: Мицкоски не го бива, тој е непознавач на економијата, политиката, енергетиката

Shortcut

Најново

СДСМ со обвинувања за скандал без преседан: Државата се откажа од заштитата на Арабати баба-теќе во Тетово

June 12, 2026

Награди на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: „Страв и надеж“ на МНТ – најдобра претстава, „Црнила“ со пет награди

June 12, 2026

Спасовски: Мицкоски нема намера да напрви ниту чекор кон ЕУ

June 12, 2026
Фото: Влада

Мицкоски од Истанбул: Презентираме силна владина поддршка за привлекување нови турски инвестиции

June 12, 2026

Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

June 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk