ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Институциите да ја заштитат малолетната жртва, а не дополнително да ја виктимизираат

Во случајот се работи за малолетно лице на кое му било обезбедено интервентно сместување во мал групен дом од страна на Центарот за социјална работа во Кочани заради заштита во кризна состојба

February 12, 2020 10:19
in ДЕНЕС, МОЗАИК
Фото: илустрација

Фото: илустрација

Share on FacebookShare on Twitter

Хелсиншкиот комитет за човекови права реагира на начинот на кој министерката Мизрахи го презентираше случајот со малолетничката згрижена во Берово.

Откако излезе веста за единаесетгодишното девојче во поодмината бременост, кое по извршен увид од страна на вонредниот инспекциски надзор на Министерство за труд и социјална политика, била посетена во малиот групен дом во Берово каде била згрижена, Хелсиншкиот комитет за човекови права реагира на начинот на кој овој случај првично беше презентиран во јавноста. Во случајот се работи за малолетно лице на кое му било обезбедено интервентно сместување во мал групен дом од страна на Центарот за социјална работа во Кочани заради заштита во кризна состојба. Согласно Законот за социјална заштита, привремен престој, интервентно згрижување и специјализирано згрижување се услуги преку кои се обезбедува заштита, згрижување и поддршка на лица кои се наоѓаат во кризна состојба и жртви на насилство, кои можат да бидат и деца.

Во конкретниот случај, откриени се доверливи податоци за случајот, вклучително и локацијата каде се наоѓа малолетното лице, што претставува кршење на одредбите за доверливост на корисниците на услуги од социјална заштита, со што дополнително се виктимизира малолетна жртва. Во духот на Истанбулската конвенција и Конвенцијата за правата на детето, Министерството за труд и социјална политика треба да постапува во најдобар интерес на детето, кое во случајов е жртва и да изготви соодветен индивидуален план за понатамошно постапување во случајот. Од исклучителна важност е малолетното лице да биде безбедно згрижено и понатаму и да се превенира какво било натамошно изложување на ризик.  Дополнително, според досегашните сознанија случајот е веќе пријавен во полиција и поднесена е соодветна кривична пријава.

Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе продолжи да го следи постапувањето на надлежните органи по овој случај, вклучувајќи го Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство.

Next Post

Дерала: Би сакал да го гледаме Преспанскиот договор како историски, кој беше насочен кон решавање на повеќедецениски спор

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk