„СДСМ е вистински и искрен партнер на работниците и синдикатите во нашата држава. Со низа мерки и политики, кои ги унапредуваат работничките права, СДСМ на дело покажува како се почитува трудот на работниците“, порачаа утрово од партијата на власт.
„Една од првите одлука веднаш по доаѓањето на власт на СДСМ беше зголемувањето на минималната плата на 12.000 денари и тоа за сите сектори, со што заврши дискриминирачката пракса, вработените во текстилната, кожарската и чевларската индустрија да добиваат пониска минимална плата.
Преку отворен и инклузивен дијалог, сега минималната плата е зголемена на 20.175 денари, во однос на 2017 година, кога изнесуваше 8.900 денари.
Просечната плата изминатите години континуирано се зголемува и сега изнесува околу 34.000 денари.
За пет години просечната плата во државата е покачена за 44 проценти.
За над 36 отсто се зголемени платите во образованието и детската заштита, сериозно се зголемени платите во здравството, во полицијата и одбраната.
Стапката на невработеност е намалена за 8 отсто, додека стапката на вработеност се покачи за речиси 10 проценти.
Преку договор со синдикатите, коморите и работодавците СДСМ донесе законско решение со кое недела, за 95 отсто од работниците е ден за неделен одмор, а оние кои работат во дејностите кои се исклучок, добиваат значително повисоки дневници.
СДСМ како партија, која се води од социјална правда, еднаквост и солидарност секогаш е на страната на работниците.
Нека е честит Први мај – Меѓународниот ден на трудот“, се додава во соопштението од Бихаќка.