При полициските контроли во областа на сообраќајот спроведени во текот на вчерашниот ден територија на град Скопје изречени се вкупно 250 мерки, меѓу кои 97 санкции за возење со брзина поголема од дозволената, девет мерки за возење без возачка дозвола и четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Како што информира МВР, изречени се и осум санкции за управување под дејство на алкохол, една мерка за користење мобилен телефон при возење, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
– Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачуваат од МВР.