ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски во работна посета на Њујорк и Вашингтон

May 2, 2023 11:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски е во работна посета во Соединетите Американски Држави. Во состав на делегацијата која ја предводи премиерот Ковачевски се и Славица Грковска, заменичка на претседателот на Владата задолжена заполитики за добро владеење и Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Во рамки на работната посета која започнува на 3 мај 2023 година (среда), на покана на претседавачот на Советот за безбедност на ООН, Швајцарија, предвидено е обраќање на премиерот Ковачевски на отворената седницата на Советот за безбедност, во седиштето на организацијата на Обединетите нации во Њујорк.

За време на престојот во Њујорк, како дел од програмата за одбележувањето на 30 годишнината од членството на Северна Македонија во организацијата на Обединетите нации, премиерот Ковачевски ќе оствари средби со високи претставници на УНИЦЕФ и УНДП и ќе се обрати на приемот во ООН организиран по повод 30 години од членството на Северна Македонија во организацијата на Обединетите нации. Како дел од програмата за одбележување на 30 годишнината, премиерот Ковачевски, во седиштето на ООН ќе учествува и на панел дискусијата посветена на превентивна дипломатија, медијација и политика на пријателство. Воедно премиерот Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати на настанот организиран по повод одбележувањето на Денот на македонскиот јазик.

Во Вашингтон, премиерот Ковачевски е предвидено да оствари средба со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, специјалниот претставник на САД за Западен Балкан и заменик-помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар, заменик-советникот за национална безбедност на САД, Џонатан Фајнер, советникот на државниот секретар на САД, Дерек Шоле, и со повеќе сенатори и конгресмени на САД. Премиерот Ковачевски воедно, ќе оствари средба и со членовите на бордот на Атлантскиот совет (Atlantic council).

Како дел од работната посета на Вашингтон, премиерот Ковачевски ќе го посети престижниот универзитет „Џон Хопкинс” во Вашингтон каде по средбата со деканот Џејмс Стајнберг, премиерот Ковачевски ќе се обрати и ќе одржи предавање за предизвиците и можностите за Северна Македонија и земјите од Западниот Балкан на нивниот европски пат, имајќи ја предвид потребата за брз развој на регионот.

Согласно агендата планирана е и средба на премиерот Ковачевски со претставници на македонската дијаспора во САД.

Tags: КовачевскипосетаСАД
Next Post

ЕУ подготвува нови мерки за борба против корупција

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk