ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кривична против адвокат од Ресен за „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „измама“

May 3, 2023 11:44
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против С.Т.(58) од Ресен, за сторени кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „измама“.

Пријавениот го сторил делото од позиција на адвокат, во периодот од 2020 до 2022 година со намера за себе да прибави значителна имотна корист. Со приложување на полномошно со невистинита содржина спровел оставинска постапка пред надлежен суд и нотар, без знаење и одобрување од страна на оштетената А.Л., како наследник на имот кој бил предмет на оставина.

– Исто така, С.Т., со прикажување на лажни факти, ги довел и ги одржувал во заблуда оштетените, правен субјект од Скопје и Б.Е.А. од Скопје дека е полномошник на сопственикот на имотот и во два наврата, со двете оштетени страни поединечно, склучил преддоговори за купопродажба на еден ист недвижниот имот. Притоа, во полномошното кое е предмет на кривично дело било наведено средствата од продажбата на имотот да се префрлат на неговата сметка, а не на сметка на сопственичката, соопштија денеска од МВР.

За изготвување на полномошното, што е предмет на кривично дело и претставува исправа со невистинита содржина, како и за изготвување на двата преддоговори за купопродажба на имотот, од страна на пријавениот биле искористени податоците од личната карта на А.Л., која во периодот на склучување на преддоговорите за купопродажба на недвижниот имот била со изминат рок, односно со важност до 23.06.2020, поради што не би можела да се користи во правниот сообраќај, но пријавениот ја употребил како да има датум на важност до 21.06.2027.

– Со горенаведените дејствија, пријавениот С.Т., постапувајќи спротивно на законот и извршувајќи ги кривичните дела „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „измама“ успеал за себе да прибави противправна имотна корист во вкупен износ од 4.750.540 денари (или 77.250 евра) со што правниот субјект го оштетил во вкупен износ од 1.048.840 денари (или 17.250 евра), а Б.Е.А. во вкупен износ од 3.701.700 денари (или 60.000 евра), додека на А.Л. ѝ била нанесена штета во вкупна вредност на имотот кој бил предмет на незаконска оставинска постапка и незаконска продажба, појаснуваат од МВР.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АдвокатКривичнаРесен
Next Post

Лога: Демократијата зависи од слободата на говор и независноста на медиумите

НАЈНОВО

Фабриката „Винчини“ во Виница зафатена од пожар

September 6, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ на протест во Кочани: Бараат правда и брза судска одлука

September 6, 2025

Малолетник се сомничи за обид за убиство на таткото

September 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски и Дарио Панковски: На 13 Септември голем концерт во Паркот на франкофонијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Бујар Османи: Или сме во ЕУ, или стануваме дел од српско-рускиот свет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk