ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: SIDA се нашите долготрајни партнери во делот на унапредување на родовата еднаквост

May 3, 2023 12:00
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска како предводник на делегацијата од Република Северна Македонија на студиската посета во Стокхолм, Шведска денеска се сретна со претставниците на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – (SIDA). Кои се главни поддржувачи на проектот „Советодавни услуги за администрацијата на Република Северна Македонија на централно ниво за интегрирање на родовата перспектива- (GEF)”. На средбата се разговараше за досегашната меѓусебна соработка како со Министерството за труд и социјална политика така и со Секретаријатот за Европски прашања во Република Северна Македонија.

Тренчевска за време на средбата ја истакна важноста на општата цел на проектот финансиран од SIDA кој има за цел да ја поддржи Владата на Република Северна Македонија во транспонирање на правото на ЕУ за родова еднаквост.

На средбата беше промовирана и работата на секторот за еднакви можности при МТСП. Кој преку проектот „Промовирање на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и одговорно управување во Република Северна Македонија” со поддршката од  SIDA во соработка со UN Women го отвори Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање. Целта на овој центар е градење и зајакнување на капацитетите на административните службеници за создавање стратешки документи кои ја вклучуваат родовата перспектива во политиките и буџетите.

Дополнително, беше истакната важноста на „Регионалниот проект за родово одговорно буџетирање на земјите од Западен Балкан” и компонентата на меѓусебната соработка, размена на искуства и креирање на заеднички стратегии за унапредување на родовата еднаквост во регионот.

Средбата беше заокружена aкцентирање на визијата за понатамошната соработка и поддршка на SIDA во делот на земјите од Западен Балкан.

Tags: SIDAТренчевска
Next Post

Грција на 107 позиција на глобалниот индекс за слободата на медиумите, последна во ЕУ

НАЈНОВО

Струшките вечери на поезијата – 64 години животворна мисија на зближување на културите и народите од сите меридијани

August 20, 2025

МНОГУ ПАРИ МАЛКУ МУЗИКА: Политичката мапа и финансирањето на политичките партии во пресрет на локалните избори 2025

August 20, 2025

Митева: Од осумте наследени арбитражни спорови, Владата заврши три со 516 милиони евра заштеди во Буџетот

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk