ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Музика, светлосни проекции и филм на кирилица по повод Денот на македонскиот јазик

May 3, 2023 14:08
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод 5 Мај, Денот на македонскиот јазик, в петок ќе се одржат повеќе културни настани во организација на Министерството за култура преку кои ќе се одбележи овој значаен ден.

Во Музејот на македонската борба, во 18:00 часот, концерт ќе одржи Музичката младина на Македонија, која годинава одбележува јубилеј – 60 години од формирањето.

Во 19:00 часот на „Школка“, во Градскиот парк, концерт ќе одржи рок- бендот „Црно собрание“, кој е составен од ученици од скопското средно училиште „Никола Карев“.

Во Кинотеката на Северна Македонија во 20:00 часот ќе биде прикажан филмот „Јанѕа“, во режија на Никола Калајџиски, кој е првиот долгометражен документарен филм посветен на животот и делото на Блаже Конески, најголемиот чувар на традицијата, историјата и македонскиот јазик. Своја проекција во рамките на овие настани, филмот „Јанѕа“ ќе има и следниот ден, на 6 мај, во Центарот за култура во Битола, од 20:00 часот.

Влезот за сите настани е слободен.

Во рамките на одбележувањето на Денот на македонскиот јазик, в петок во вечерните часови на објекти во неколку градови низ државава ќе има светлосни и видеопроекции со цитати од македонско творештво.

Оваа година одбележувањето на Денот на македонскиот јазик е под слоганот „Пишувај на кирилица!“, со акцент на употребата на кирилското писмо во секојдневната електронска комуникација, особено преку мобилните уреди.

Денот на македонскиот јазик е прогласен во чест на 5 мај 1945 година, кога Народната влада на Народна Република Македонија ја усвои македонската азбука како официјално писмо на македонскиот јазик.

Tags: 5.мајДенот на македонскиот јазик
Next Post

Ковачевски: Напредокот во слободата на медиумите е уште еден чекор напред на европскиот пат

Shortcut

Најново

Мартин Тасевски

Двојните стандарди не ги бранат човековите права

September 27, 2026
Digital brain with circuit patterns symbolizes artificial intelligence in server lab

Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 27, 2026
Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk