ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски го потпиша указот за Законот за ратификација на Североатланскиот договор, пенкалото го подари на студентка

Аспирациите за зачленување на земјава во НАТО почнаа во 1993 година кога тогашниот собраниски состав ја донесе одлуката за стапување во членство во НАТО по што низ годините следуваат уште четири декларации за поддршка и реафирмирање на интеграцијата на земјата во НАТО. Во 2008 година на Самитот на НАТО во Букурешт, земјата доби условна покана за членство. Откако земјава го реши спорот за името и беше ратификуван Договорот од Преспа кај нас и во Грција, ја доби поканата за НАТО на Самитот на 11 и 12 јули 2018 година во Брисел, а следната година на 6 февруари амбасадорите на земјите-членки на НАТО исто така во Брисел го ставија својот потпис на Протоколот на пристапување во Алијансата. За десет месеци Протоколот за пристапување во НАТО го ратификуваа 28 од вкупно 29 членки и сега се чека само на Шпанија, што според најавите од Мадрид, треба да се случи во почетокот на март, по што Северна Македонија и формално ќе стане 30-та членка на Алијансата

February 12, 2020 14:18
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска во присуство на студенти од Правниот факултет го потпиша указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор.

– На ова чекарвме речиси 30 години, ама се исплатеше. Нека ни е со среќа, рече Пендаровски, посакувајќи во иднина да потпишуваме вакви документи и за членството во Европската унија.

Симболично пенкалото со кое го потпиша указот и го даде на една од студентитките во чие присуство беше потпишан документот.

Законот за ратификација на Североатланскиот договор беше изгласан вчера на свечена седница во Собранието и тој е со одложено дејство, односно ќе стапи во сила откако Шпанија ќе го ратификува Протоколот за нашето членство во НАТО. Владата се одлучи за предвремена ратификација кај нас, со цел да не се загуби континуитетот во процесот на официјализирање на нашето членство со оглед на тоа што земјава оди на предвремени избори на 12 април. По свечената седница, знамето на НАТО беше закачено на јарбол пред законодавниот дом. Земјава ќе стане 30-та членка на НАТО.

Аспирациите за зачленување на земјава во НАТО почнаа во 1993 година кога тогашниот собраниски состав ја донесе одлуката за стапување во членство во НАТО по што низ годините следуваат уште четири декларации за поддршка и реафирмирање на интеграцијата на земјата во НАТО. Во 2008 година на Самитот на НАТО во Букурешт, земјата доби условна покана за членство. Откако земјава го реши спорот за името и беше ратификуван Договорот од Преспа кај нас и во Грција, ја доби поканата за НАТО на Самитот на 11 и 12 јули 2018 година во Брисел, а следната година на 6 февруари амбасадорите на земјите-членки на НАТО исто така во Брисел го ставија својот потпис на Протоколот на пристапување во Алијансата.

За десет месеци Протоколот за пристапување во НАТО го ратификуваа 28 од вкупно 29 членки и сега се чека само на Шпанија, што според најавите од Мадрид, треба да се случи во почетокот на март, по што Северна Македонија и формално ќе стане 30-та членка на Алијансата

Next Post

Претставата „Никогаш Северна“ заврши како трагикомедија со „салто мортале“

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk