ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Најмалку 200 девојки од средните училишта ќе бидат опфатени со менторската програма на мрежата Стела и НМСМ

May 4, 2023 10:41
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Националниот младински совет на Македонија – НМСМ и Менторската Мрежа Стела, во рамки на проектот „МладиХаб – надминување на нееднаквоста помеѓу младите“, ќе спроведат менторска програма за девојки низ средните училишта на територијата на целата држава.

Менторската мрежа Стела веќе спроведува менторства кои им помагаат на жени и девојки да се реализираат професионално и академски, но за првпат програмата во соработка со НМСМ ќе обезбеди менторство за најмалку 200 девојчиња во средните училишта. Секоја девојка ќе има своја менторка, односно ќе добие поддршка од искусна и професионална Стела менторка, веќе остварена во областа што е од интерес за менторираната девојка.

Менторките во мрежата Стела работат во најразлични области и вклучуваат претприемачки, професорки, жени активни во политичкиот и општествениот живот, жени кои се на лидерски позиции и на позиции каде што креираат политики, но и жени кои секојдневно учат и се надоградуваат во нивното поле на дејстување. Менторската улога ќе биде да им помогнат на девојките и младите жени да ги реализираат своите идеи, а воедно и да ги охрабрат да се стремат кон рамноправен економски, политички и социјален статус и ангажман во општеството.

За успешно исполнување на оваа цел, мрежата Стела во изминатиот период одржа повеќе работилници за досегашните, но и за новите менторки кои ќе бидат вклучени во програмата. На работилниците се говореше за менторскиот процес, за подобрување на комуникациските и организациските вештини на менторките во контекст на работата со млади, но и за значењето на менторството како алатка за поддршка на девојките и младите жени. Новите менторки имаа можност да слушнат повеќе за психолошките фактори кои влијаат на односите менторка-менторирани, како и за ефективните стратегии кои можат да им помогнат на подобро да ги разберат и да ги водат своите менторирани низ различни предизвици.

Сите девојки и млади жени кои се заинтересирани да се вклучат во програмата, слободно може да се обратат до мрежата Стела, а во идниот период спроведени ќе бидат и повеќе активности за промоција на менторството како значаен дел од оснажнувањето на жените и девојките.

Проектот „МладиХаб – надминување на нееднаквоста помеѓу младите” го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија – НМСМ и мрежата Стела, со финансиска поддршка од страна на Британската амбасада во Скопје. Целта на проектот е да ги поддржи и поттикне девојките и младите жени да бидат поактивни во општеството, да креира поеднаков пристап до можностите во јавниот живот, во приватниот сектор и во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво. За реализирање на оваа цел, покрај програмата за менторство, спроведени ќе бидат повеќе активности, кои меѓудругото вклучуваат и програма за кариерно советување, која веќе е започната и досега опфати над 30 лица, како и програми за практикантство и волонтерство за млади.

Tags: ДевојкиМладиХабСредни училишта
Next Post

Приведени лица од Арачиново и Брест, затекнати при нелегална сеча на огревно дрво

Најново

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош, власта го штити

April 21, 2026

Ново откритие на Марс: Роверот на НАСА детектираше органски соединенија во кратерот Језеро

April 21, 2026
Илустрација: No Music for Genocide

Роџер Вотерс, Масив Атак, Питер Габриел и над 1.000 музичари повикаа на бојкот на Евровизија 2026 поради учеството на Израел

April 21, 2026
Фото: Лилјана Алтипармакова, ФБ

Почина Лилјана Алтипармакова, новинарка и уредничка во МРТВ

April 21, 2026
Венко Филипче и Зоран Заев на прослава на 35-от роденден на СДСМ (фото извор: ВМРО-ДПМНЕ)

Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

April 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk