ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Белградската полиција изнесе детали од сведочењето на момчето убиец: Имаше четири молотови коктели и два пиштоли

May 4, 2023 11:28
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: ЕПА

Фото: ЕПА

Шефот на белградската полиција Веселин Милиќ за РТС изјави дека момчето кое го изврши злосторството во ОУ „Владислав Рибникар“ во својата прва изјава, кога повикал полиција, рекол дека е „психопат кој треба да се смири“, јави дописникот на МИА од Белград.

-Детето кое го изврши злосторството кога повика полиција рече дека пукал во луѓе на училиште и дека тој во таа изјава што е снимена, е психопат кој треба да се смири. Тој го кажа тоа кога се јавил на дежурниот работник на Командно-оперативниот центар, во првата изјава на неговиот телефонски повик да го пријави настанот, изјави Милиќ за РТС.

Тој исто така додаде дека К.К. (13) рече дека по извршувањето на делото го зафатиле страв и паника и чудно дишење и дека „правилно било да ѝ се јави на полицијата и да се пријави настанот“.

Милиќ потсети и дека слично злосторство никогаш претходно не се случило во Србија и оти се надева дека тоа никогаш нема да се повтори.

-Не успеавме да го дознаеме мотивот, бидејќи К.К. е роден 2009 година, се работи за дете, дури ни малолетно. Не можевме да имаме сознание дека некое дете може да направи нешто вакво одвратно, вели Милиќ.

Откриле, во понатамошниот разговор дека самиот изјавил во присуство на Центарот за социјална работа и адвокат дека е игнориран од општеството и дека некако е исфрлен од комуникација, интеракција, сè што може едно дете да има, и дека тоа го навело преку некои мисли и постапки да го стори тоа.

-Имаше и четири молотови коктели и два пиштоли. Според неговата изјава, тоа го направил сам и немал намера ни желба со тие молотови коктели да запали некое дете, туку, како што рече, да направи одбранбен ѕид на влезот во училиштето за да не дојде полицијата и да пружи помош, бидејќи би имале одредена пречка и барикада за да може да ја извади рамката од пиштолот и да ја спушти на под, истакна Милиќ.

Тој додаде дека не може да каже дали момчето било свесно дека нема да може да одговара за делото.

-Ова злосторство носи толку многу планови, скици, неговиот начин на размислување што ги надминал игрите, кога тоа го планирал, како што рече во првата изјава на самото игралиште, пред еден месец или околу три недели потоа, да ги убие сите кои го нервираат и игнорираат, тој многу плански го замислил како и што. Самиот овој список е прашање за сите нас, што ќе се случеше да го постигнеше сето ова, праша Милиќ.

Tags: Белградбелградска полицијаубиство
Next Post

ISW: Русија најверојатно го организирала нападот на Кремљ за да ја врати војната пред домашна публика и да постави услови за поширока мобилизација

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk