ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Калеска Ванчева: Парламентарното мнозинство поднесе измени на закони со кои се ограничува каматата на долговите

May 4, 2023 13:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ и парламентарното мнозинство поднесе измени на закони со кои се ограничува каматата на долговите, односно таа да не може да биде повисока од долгот. Ставаме крај на огромните каматни стапки кои досега во некои случаи и повеќекратно беа повисоки од самиот долг, информира Снежана Калеска Ванчева, пратеничка на СДСМ на денешната прес-конференција.

Со предложените измени во Законот за облигациони односи и Законот за извршување, казнената камата нема да може да биде поголема од долгот.

– Тоа значи во ситуација кога износот на стасаната, а неисплатена казнена камата ќе го достигне износот на главнината, каматата престанува да тече или во пракса, за долг од 1.000 денари, максималниот износ на каматата да биде 1.000. Понатаму, со предлог законски измени се предвидува скратување на рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката, појасни таа.

Ова во пракса значи намалување на можноста за акумулирање на каматата, но и стимулација за побрза наплата од страна на доверителите.

На овој начин, нагласи Калеска Ванчева, ставаме крај на енормните камати што повеќекратно го надминуваа долгот и на тој начин граѓаните, па и цели семејства се туркаа во должничко ропство.

– Овие предложени измени директно ќе се однесуваат и на Законот за финансиски друштва каде што е регулирано финансиското друштво да не може да склучи договор за потрошувачки кредит ако трошоците што  не влегуваат во годишната стапка на вкупни трошоци надминуваат 60% од износот на одобрениот кредит. Надоместоците се однесуваат на сите трошоци што потрошувачот ги плаќа или има обврска да ги плати во текот на целиот период на важност на договорот а кои произлегуваат или на каков било начин се поврзани со договорот за потрошувачки кредит или поврзани услуги, рече пратеничката од СДСМ.

Додаде дека се зајакнува и контролата, со новите измени и дополнувања на Законот на финансиски друштва се зајакнува и контролата на државата врз работењето на финансиските друштва, но и во она што значи наплата на трошоци, висина на трошоци но бидејки овде не беше вклучена казнената камата бидејќи таа е регулирана со Законот за облигациони односи затоа велиме дека со овие измени директно ќе влијае и на Законот за финансиски друштва односно на односите којшто се ствараат помеѓу финансиски  друштва и корисниците на финансиските услуги.

– Овие измени се во директна корист на граѓаните и затоа ги повикуваме сите пратеници од сите пратенички групи, да дадат поддршка, за тие што побрзо бидат усвоени, рече меѓу другото Снежана Калеска Ванчева, пратеничка на СДСМ на денешната прес-конференција.

Tags: Калеска ВанчеваКаматиСДСМ
Next Post

Општина Охрид издава 14 локации за поставување шанкови и урбана опрема

Shortcut

Најново

Data center server room technology digital network illuminated cables cybersecurity

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026

Медиумски пирати

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Масовен „Марш за слобода“ во Приштина во пресрет на пресудата во Хаг: „Цело Косово ве чека, ослободители!“

September 12, 2026

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026
30 години независност, 2021

35 наспроти 30 години независност: 25 пати повеќе пари, нула транспарентност

September 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk