ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пенов: За земјите од регионот заеднички именител е европската перспектива

May 4, 2023 13:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Земјите од регионот имаме иста стратешка цел, членство во Европската Унија, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов за време на состанок со делегација од Институтот за локална самоуправа на Косово.

–За земјите од регионот заеднички именител е европската перспектива и на тој пат најважно е да покажеме прво внатрешна стабилност и стабилност на регионот. Соработката меѓу земјите, меѓу институциите и меѓу граѓаните е првиот и најважен чекор преку кој ја манифестираме нашата зрелост како регион, додаде тој.

Пенов ја поздрави одлуката на Европскиот парламент за либерализација на визниот режим за косовските граѓани.

-Северна Македонија го отпочна процесот на отворање на преговарачката рамка. Скринингот од страна на Брисел е во тек. Се надеваме на целосно отворање на преговорите, што е услов за политичка, економска и социјална стабилност и за развој на државата, додаде Пенов.

Според него локалната самоуправа секогаш е важна и актуелна тема, зашто е еден од суштинските столбови во градењето на политичкиот систем на државата. Поставеноста на локалната самоуправа има директно влијание на демократизацијата на општеството, на меѓуетничките односи, како и на балансираниот социо-економски развој на државата.

-Како држава целосно сме усогласени со европските стандарди. Сега наша задача е да работиме на подобрување на функционалноста на општините и на градот Скопје преку зајакнување капацитетите и ресурсите. Обезбедување на услови за финансиска стабилност на општините со ангажирање и на централната и на локалните власти и подигнување на квалитетот на услугите. Главен предизвик сега е да ги зајакнеме нашите капацитети, на државата, но и на локалната самоуправа за поголема апсорбција на средствата од ИПА инструментот на Европската Унија, рече Пенов.

Според него регионалната политика на Европската Унија има за цел да се надминат диспаритетите меѓу државите и регионите што е шанса и за нас, за нашиот регион, максимално да ја реализираме поддршката од Европската Унија и да го подобриме квалитетот на живеење, во што улогата на локалната самоуправа е многу важна.

Tags: Западен БалканКосовоПенов
Next Post

Џамбаски: Оваа Македонија никогаш во ЕУ

Shortcut

Најново

Утре во Скопје се отвора 25-то јубилејно издание на ОФФест

June 2, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Преку министерствата и општините инвестираме половина милијарда евра во капитални проекти

June 2, 2026
Охрид. Фото: Фронтлајн

Контроли на плажите: Владата ги прецизираше термините за забрана на скутери и чамци на трите езера

June 2, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски: Како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет?

June 2, 2026

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

June 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk