ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДПИ во април издал 800 прекршочни платни налози во вредност од над 21,275,000 денари

May 5, 2023 14:18
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во април годинава извршил над 2670 надзори и за констатираните неправилности издал над 800 прекршочни платни налози во вредност од над 21,275,000 денари.

Издадени за 295 платни налози по Закон за трговија, 105 по Закон за угостителска дејност, 72 по Закон за заштита од пушење и 290 по Закон за финансиска дисциплина, соопшти ДПИ.

Покрај овие надзори, Државниот пазарен инспекторат постапува и по Одлуките донесени од страна на Владата кои се однесуваат на замрзнување на цените, одредување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на увозниците и на трговците да доставуваат стоки по претходно утврден редослед. По овие Одлуки од денот на нивното донесување, 07.10.2022 година, заклучно со 30 април 2023 година, извршени се над 4600 надзори, а издадени се прекршочни платни налози во вредност од над 16.260.000 денари.

Сите економски субјекти, имаат можност да си ги платат прекшочните платни налози, или да си го остварат своето право доколку имаат забелешка во судска постапка. Инспекторите кои констатирале прекршок кај економските субјекти ќе се појавуваат на судските рочишта, и ќе ги застапуваат и бранат законите по кои што ги констатирале прекршоците. Практиката од непојавување на инспекторите на судските рочишта нема да ја има во иднина, посочуваат од ДПИ.

Државниот пазарен инспекторат е и понатаму на терен, постапува во согласност со своите надлежности, врши редовни и вонредни надзори и контроли.

– Во врска со поплаките од страна на граѓаните кои се однесуваат на високите цени на производите, сакаме да известиме и да потенцираме, дека ние како институција, немаме надлежност ниту пак можеме да влијаеме врз формирањето на цените на производите. Како институција постапуваме во согласност со законите, а кај оние економски оператори доколку е констатирано прекршување и непочитување на било кој закон за кој како пазарен инспекторат сме надлжени, се санкционира без селективност. Целта не е само да ги казнуваме вршителите на трговска дејност, туку на тој начин да се изврши едукација, преку која нема повторно да ја направат грешката.

Дополнително, во секое време им стоиме на располагање на граѓаните. Доколку имаат некое прашање во врска со нашето работење, можат да ни се обратат, а ние соодветно ќе одговориме. Ги охрабруваме граѓаните, доколку забележат одредена неправилност или сомнеж за измама, а се однесува на нив како потрошувачи, веднаш да пријават кај нас во инспекторатот. Пријавите можат да се поднесуваат по електронски пат, на нашата веб страна https://www.dpi.gov.mk/index.php/mk/odnosi-so-javnost/prijava-od-gragjani/view/form или преку телефон на 02/3162 341, се наведува во соопштението од ДПИ

Tags: ДПИказни
Next Post

Маричиќ: Во преговорите со ЕУ јазикот е црвената линија која немаме право да ја поминеме

НАЈНОВО

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk