ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Во преговорите со ЕУ јазикот е црвената линија која немаме право да ја поминеме

May 5, 2023 14:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Јазикот ни е нашата единствена неподелена татковина е трајна порака на Коневски и еден вид на аманет, која во денешниот контекст е многу поважен и многу поголем товар за сите нас, а особено за институциите. Ние тоа го сфативме и како политичка агенда бидејќи во сите преговори со ЕУ, во сите преговори конкртетно со Бугарија секогаш клучна црвена линија ни бил македонскиот јазик и никогаш не отстапивме од тоа и немаме намера ниту право да отстапиме од такво нешто.

Ова го истакна заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, на панел-дискусијата посветена на афирмацијата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо по повод 5 Мај, Денот на македонскиот јазик.

-Токму затоа успеавме македонскиот јазик да го вметнеме во преговарачката рамка како јазик на кој што треба да се преведе целото европско законодавство и на кој што веќе се преведува, и како јазик на кој што ги потпишуваме договорите со ЕУ, како што е договорот со Фронтекс. Тоа е доказ дека вреди да се бориме за јазикот и дека така ќе го зачуваме како наша татковина, подвлече Маричиќ.

Тој додава дека во ЕУ јазикот е дел од идентитетот и се негува како вредност, токму затоа, вели, инсистираме на тоа дека во процесот на зачленување кон ЕУ мора јазикот да ни биде заштитен и затоа во тој процес како Секретаријат вложуваат многу во доследен превод на европското законодавство.

Tags: ЕУмакедонски јазикМаричиќ
Next Post

Џаишанкар: Светските институции страдаат од недостиг на доверба

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk