За 2,5 години ја донесовме земјата од изолација до интеграција, истакна во Ресен на програмската трибина 20-24, на тема Бенефитите од потпишувањето на Преспанскиот договор и перспективите кои ги отвора за Северна Македонија, претседателот на комисијата за надворешна политика на СДСМ Едмонд Адеми на Трибината 20-24 тема Бенефитите од потпишувањето на Преспанскиот договор.
Балканот во минатото произведувал повеќе историја отколку иднина, имал повеќе проблеми, отколку решенија, рече Адеми, и нагласи дека сега Европа може да учи од Балканот.
Тридецениската изолација на земјата ја прекинаа двајца храбри луѓе – Зоран Заев и Алексис Цитрас, кои си подадоа рака и го потпишаа Преспанскиот договор, кој ги подобри односите со Грција и ја одблокира интеграцијата на државата, рече Адеми, додавајќи дека наместо противник, добивме вреден сојузник.
„Собранието го ратификуваше Северно-атлантскиот договор и Република Северна Македонија стана 30-та членка на најмоќниот воен сојуз на светот – НАТО и со новосоздадениот контекст, ние добиваме долгорочен мир, стабилност и безбедност“, нагласи Адеми.