Во април забележан е драстичен пад на увозот на Кина, како и забавување на извозот, што сигнализира намалена побарувачката во период на раст на каматните стапки ширум светот и зголемени геополитички тензии.
Увозот во април е намален за 7,9 отсто во однос на истиот месец лани, по падот од 1,4 проценти претходниот месец.
Извозот, пак, пораснал за 8,5 отсто, по растот од 14,8 проценти во март, соопшти Царинската управа.
Трговскиот биланс за април покажа суфицит од 90,21 милијарди долари, поголем за 2,3 отсто во однос на март.
Според официјалните податоците, кинескиот извоз во АСЕАН се зголемил за само 4,5 отсто во април по скокот од 35,4 проценти во март. Извозот во САД е намален за 6,5 отсто, а увозот за околу три проценти.
Увозот на јаглен во Кина бележи драстичен пад откако го достигна највисокото ниво во последните 15 месеци во март, додека е намален увозот на бакар и природен гас. Увозот на црвениот метал според многумина е индиректен показател за растот на светската економија.