ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Поротата пресуди: Доналд Трамп е одговорен за сексуално злоставување и клевета на новинарката Е. Џин Керол

May 9, 2023 22:31
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ

Поротата на судот на Менхетен во Њујорк пресуди дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп е виновен за сексуално злоставување на колумнистката и новинарка Е. Џин Керол, објави Си Ен Ен. Поротата го ослободи поранешниот американски претседател од обвиненијата за силување, а судот утврди дека Трамп е должен на жртвата да и плати отштета од пет милиони долари.

Доналд Трамп сексуално ја злоставувал Е. Џин Керол, а потоа ја клеветел нарекувајќи ја лажга, одлучи поротата. Деветчлената порота во федералниот суд на Менхетен ги отфрли негирањата на Трамп дека ја нападнал Керол и пресуди во нејзина корист.

Трамп не присуствуваше на судењето, но беше прикажано неговото видео сведочење во кое тој ги негираше обвиненијата. За да го прогласи за одговорен, поротата од шест мажи и три жени мораше да донесе едногласна пресуда. Расправата траеше нешто помалку од три часа.

Тој е осуден во судски процес кој беше граѓанска тужба, а не кривично гонење, поради што единствената санкција со која ќе се соочи е финансиската.

Керол го обвини Трамп дека ја силувал пред 27 години, во пролетта 1996 година, во гардеробер во стоковна куќа во Њујорк. Тој ги отфрли обвинувањата, наведувајќи дека таа не е негов тип на жена и дека сето тоа го направила за да ја зголеми продажбата на нејзината книга.

Г. Т.

Tags: виновенЕ. Џин Керолновинаркапресудасексуално злоставувањесудТрамп
Next Post

Законите за коридорите 8 и 10д по скратена постапка и со европско знаменце денеска на собраниска седница

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk