ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Интерпол апелира до јавноста да помогне во решавањето на 22 „студени досиеја“

May 10, 2023 11:55
in ДЕНЕС, СВЕТ
Interpol

Interpol

Интерпол започна кампања без преседан насочена кон пошироката јавност, со чија помош се надева дека ќе ги идентификува телата на 22 жени пронајдени во текот на неколку децении во Германија, Белгија и Холандија и ќе се постигне напредок во истрагата за овие таканаречени „студени досиеја“.

Првото тело беше пронајдено на паркинг на автопат во Холандија во октомври 1976 година, а последното во парк во Белгија во август 2019 година. Телата не можеа да бидат идентификувани од националните полициски служби „делумно“ бидејќи жените не беа од тие земји, според Интерпол.

„Можно е овие тела да се оставени таму каде што се пронајдени за да се отежне истрагата за злосторствата“, нагласуваат во своето соопштение од меѓународната организација за полициска соработка. Таа на својата веб-страница и на социјалните мрежи ќе објавува информации кои претходно биле за внатрешна употреба и се содржани во нејзините „црни билтени“, со кои бараат информации за неидентификувани човечки останки. За секоја од 22-те жртви ќе биде објавена фотографија базирана на технологија за реконструкција на лицето, како и информации за локацијата и датумот на откривање на телото, лични предмети, облека.

Сите индиции за кои се сметаше дека се неопходни за решавање на овие случаи се разгледани. Истрагите се во застој и се надеваме дека вниманието на јавноста ќе им овозможи да напредуваат. Семејството, пријателите, колегите кои еден ден престануваат да го гледаат дадениот човек, би можеле да дадат информации, дури и мала трага, изјави Франсоа-Ксавиер Лоран, шеф на ДНК базите на податоци во Интерпол.

„Се верува дека некои од овие жени доаѓаат од области во Источна Европа. Тоа би можеле да бидат жени кои решиле да одат на туристичко патување, но и потенцијални жртви на трговија со луѓе“, се вели во соопштението

Кампањата за идентификација подоцна може да биде проширена за да вклучи и други случаи.

Tags: Интерполјавностпомошстудени досиеја
Next Post

Преспанскиот договор e приказна за поврзувањето, за слободата и за солзите на катарзата

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk