ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Моралниот суд“ на Сотир К. и неговата весела дружина на мртви поети

May 12, 2023 07:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Формирал господинот Сотир Костов, мојот омилен дебатер, со група „патриоти“ некаква иницијатива наречена „Морален суд“ за заштита на, внимавајте, „загрозениот и повредениот автентичен национален македонски народ“, и уште (пазете каков епски нарцизам!) бараат заштита на „правото на национален и личен идентитет на секој Македонец посебно“, така ја правда грижата за националниот идентитет господинот Костов.

Добро, човек со малку повеќе прочитано сериозна литература, сфаќа дека реченици составени на ваков начин за „одбрана на национален идентитет“, звучат како што звучи секоја „аргументација“ на секој еден човек заглавен во кафана до 2 часот наутро со неколку литри малигани во својот дух и своето тело.

Дополнително, ваквата конфузна апстракција не им е доволна, па што си е сигурно сигурно си е: ставаат неколку глави на стрелба – Зоран Заев (може ли нешто без него?), Никола Димитров, Димитар Ковачевски и „слични на нив“ (ова последново „слични на нив“ е жива бурлеска, ама што да се прави – националистичката „елита“ е тегобна дружина додека не влезе во првата кафана!).

Имено, идејата на политиката, во самата своја суштина е да се потпишат некакви договори, што значи дека на тој начин се „гата“ за нешто нормално кое е карактеристично за ова време. Така, имено, треба да изгледа секоја одговорна и државничка политика за иднината на граѓаните.

Од иницијативата на Костов и неговата весела дружина на тегобни патриоти, мене лично најмногу ме интересира овој момент: не сфаќаат дека иронијата на историските струења и луѓето кои најмногу зборуваат за предавства, а после секое предавство почнуваат хистерично да го бранат националниот идентитет, таквите луѓе имаат извршено најмногу предавства и најмногу го имаат изневерено националниот идентитет.

Ако се гледа историски, што веселата дружината на „мртвите поети“ на Сотир Костов правеше со националниот идентитет: го разградија националниот идентитет најпрво со антиквизацијата, што значи нè поништиja како македонски народ; нè раскараа со сите соседи; македонската полиција ја предадоа на најсомнителните структури од луѓе и параформации за свои лични интереси; македонското судство го поништија на начин што го растурија и го присвоија за себе; ги заробиa сите институции кои требаше да бидат сервис на граѓани; предизвикаа воен конфликт во Куманово наречено „Диво насеље“ во кое загинаа осум припадници на македонската полиција; нè прислушуваа, не судеа, не клеветеа и гонеа преку ОЈО. На тврдиот став „Не го даваме името“ направија многу профити и создадоа многу бесмислени политички кариери. Милијарди евра испљачкани и однесени на даночни раеви е посебна тема за која овде нема да стане збор. И ова е само дел од целото лудило наречено „одбрана на македонскиот идентитет“.

И смртно ја разбираа(т) својата „егзархиска“ улога на „чувари на националниот идентитет“ која на крајот, се разбира, од индентитет не остана ништо, затоа што главниот „патрициј“ побегна во гепек од автомобил, а нивната политика се распадна како кула од карти.

Денес ситуацијата е поинаква и многу покомплицирана. Само на Русија не ѝ одговара да се постигне договор со Бугарија и нивното малцинство кај нас да не биде дел од македонскиот Устав, и само Русија – преку своите инсталации во земјава и регионот – се противи Македонија да продолжи на Европскиот пат, и овој детаљ мора да го имаме во предвид. Дали и оваа весела дружина од мртви поети е во Руско сценарио, не знам. Што би рекле аналитичарите: прерано е да се каже.

Заради тоа, сите ние имаме одговорност да му помагаме на премиерот Ковачевски затоа што заслужи да му се помогне, и тука се разбира, јас не ја намалувам улогата на бившиот премиер Зоран Заев за сè што направи за одличниот договор од Преспа и влегувањето на земјата во НАТО.

Што повеќе Сотир Костов и неговата дружина на тегобни патриоти зборува за предавства и заштита на националниот идентитет, толку помалку светлата ќе бидат вперени во нив. А така ќе биде бидејќи приказната им е шуплива, неверодостојна и страшно неавтентична. И без разлика како во иднина тие ќе го формулираат „Моралниот суд“, без разлика во каква пи-ар обланда тоа ќе го стават: „капитулација“, „договор под Бугарски диктат“ и слично, нема да можат да се исчистат од фактот дека историски гледано, земјата ја уназадија и продолжуваат да ја уназадуваат со овие бесмислени реторики за одбрана на националниот идентитет.

Трубадурите и „добошарите“ на Мицкоски единствено нешто што можат е да бидат вазалски марионети. Суверенитет на својата земја никогаш не го гледаат во себе, меѓу своите граѓани, туку секогаш го гледаат во некоја друга земја. Оттука, рековме погоре: сите оние кои устите им се преполни со предавства, историските инерции и струења потврдуваат дека таквите имаат извршено најмногу предавства.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: Frontline

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Морален судНЕНАД ЈОВАНОВИЌСотир Костов
Next Post

Османи во БиХ: Посета на една од најголемите теренски мисии на ОБСЕ и средби со државниот врв

НАЈНОВО

Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

October 5, 2025

Расел ја освои ГН на Сингапур во Ф1, Мекларен ја одбрани титулата во конструктори

October 5, 2025

Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk