„УКИМ за да има квалитет, не само во наставата, туку и во сите сегменти – наука, претприемништво, квалитет во условите за работа, мора да воспостави систем за квалитет. Во мојата програма јас давам систем кој се заснова на прицнипот 360, со кој ќе се постават мерилата како сме, како до година да се поправиме. Таквите системи ги имаат сите високорангирани универзитети“ изјави професорката Христина Спасевска од ФЕИТ, која е кандидатка за ректорка на УКИМ во дебатата на ТВ24.
Таа додаде дека во државата веќе имаме воспоставено правилник за самоевалуација и надворешна евалуација и дека тоа треба да почне да се применува.
„Тоа ќе придонесе за квалитетни студентски програми, ориентирани кон стопанството, затоа што нашите студенти треба да се вработат, а исто така ќе придонесе и за подобрување на научно – истражувачката работа“ рече Спасовска.
Професорката кажа дека компаниите и јавни сектор ги препознава студентите на УКИМ, но дека е потребен сериозен мериторен систем за финансирање.
„Цел во мојата програма за работа и развој на УКИМ е точно рангирањето на УКИМ. Тука прво треба да поставиме сопствени проекти кои сами ние, сите заедно професорите ќе се екипираме заедно со студентите за да постигнуваме врвни резлутати. Но потребно е и нешто друго. Нашата држава треба да реши дали сака УКИМ како најголем унвиерзитет и најдобар, да биде на тие шангајски листи. Ниту еден универзитет во околината не стигнал таму без државна поддршка“ рече Спасовска.