Амбасадорката на Украина во земјава, Лариса Дир, на Твитер сподели информации на 444-от ден од почетокот на руската инвазија во Украина.
За прв пат поранешен македонски Су-25 е сликан во операција со 299-тата Тактичка Воздухопловна Бригада, пишува во твитот.
Станува збор за авионот „Блу 51“ (09015), што беше доставен пролетта 2022 година и е надграден на стандардот Су-25М1(К) во Украина. Порано тој беше Су-25 „121“.
444 ден. За прв пат поранешен македонски Су-25 е сликан во операција со 299-тата 🇺🇦 Тактичка Воздухопловна Бригада.
Овој авион, „Блу 51“ (09015), беше доставен пролетта 2022 година и е надграден на стандардот Су-25М1(К) во Украина. Порано тој беше Су-25 „121“.#StandWithUkraine pic.twitter.com/r3rypV3xIQ— Larysa Dir (@dir_larysa) May 13, 2023
Министерството за одбрана четирите воени авиони „СУ-25“ што Северна Македонија ги набави од Украина за време на конфликтот во 2001 година, во Август минатата година ги донираше на украинското воено воздухопловство како ппомош во одбраната на Украина од руските воздушни напади.
М. П.
Извор: ЦИВИЛ Медиа