Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Петрит и денеска не заборави да ме потсети дека Институтот за медиуми и аналитика ИМА на 18 мај организира дискусија на тема: “Слободата на медиумите, наспроти политичките притисоци и пропаганда, дезинформациите и говорот на омраза: Како понатаму?“
Овој важен настан ќе се случи во Хотелот „Сити парк“ во Скопје со почеток во 12 нула нула.
Мислев дека е тоа хотелот на Малиќи. Арно ама, не. Да беше таму и да беше жив, ќе појдев на еден, два, можеби и три „чиваси“, затоа што човекот ми беше драг, а и тој имаше почит кон мене, но најколоритната личност во скопската градска историја+успешен бизнисмен, не е повеќе физички меѓу нас и јас во мотивацијата морам да најдам замена за незаменливиот Енвер.
И за хотелот.
Можеби тоа може да биде темата, околу која и тука ќе сакам нешто да кажам, но особено предизвикателни ми се видоа панелистите:
– Младен Чадиковски, претседател на Здружението на новинарите на Македонија
– Драган Антоновски, Генерален директор на Медиумската информативна агенција МИА
– Арта Тахири, уредник на вести во Националната телевизија АЛСАТ
– Атанас Кировски, новинар, поранешен директор и главен уредник на ТВ Телма и дописник на Би-би-си.
Возбудливо, молам.
Арта Тахири е друго ниво.
Не знам зошто го прифатила ризикот да се контаминира во близината на тројцата мускетари со ментална корона, од кои без особени напори може да се направи еден Лавров кој пред да отиде да биде претседавач и панелист во Советот за безедност, истури еден авион ракети и бомби врз еден украински град, Харкив, Киев, или Бахмут, беше и му нареди на својот секретар да киднапира над 19.384 украински деца од кои тој и Песков ќе прават јаничари и послуга за руската елита во распаѓање.
Мислам, тие се квалификувани да расправаат за новинарството, исто колку што Лавров беше квалификуван да расправа за светскиот мир.
Без срам и страв.
До нивото на кое нормалниот човек мора да се праша да не случајно проблемот е кај него и во него, а не кај тие што тој ги смета за неморални.
Дури и ненормални.
Ако Чадиковски, Кировски и Антоновски можат да бидат панелисти во расправата за новинарството, јас можам да замислам дека во расправата за обновата на Европа по Втората светска војна, панелисти можеле да бидат и другарите Геринг, Шпер и Хес.
Или некој од тоа друштво.
Геринг би бил добар Атанас во најава.
Како овие од Судскиот совет да бидат панелисти во расправата за реформите во правосудството или Саше и Орце во расправата за борбата против криминалот и корупцијата.
Во што е проблемот, драги мои.
Нашите панелисти се убијци на новинарството кои во своите дискусии ќе се обидат да извршат обдукција на убиениот и да ги компромитираат форензичките факти за својата улога во смртта на убиениот: влакна, отпечатоци на прстите врз вратот на убиениот и остатоци од сопствената сперма, што очигледно говори за тоа дека, пред да ја убијат, жртвата ја силувале.
Знам дека ќе срочат извештај во кој ќе стои дека нема траги на насилство, дека мртвиот воопшто не е мртов, што покажува ерекцијата која тие не можат да му ја спуштат ниту со инјекции, ниту со пластични вагини, ниту со орален секс со лични ангажмани.
Хахаха!
Преку новинарството, како што е познато, убиено е и општеството.
Тоа физички прета, не е мртво, но културно и морално е утепано.
Многу тажна ситуација.
Се разбира, панелистите не се некакви карлоси, нека да не се умислуваат, но се важни актери во мрежата која го изврши најголемото мирновременско зло во историјата на Европа.
Еден таканаречен новинар под нивно патронатство, дневно произведува три кретени и десет шашардисани луѓе.
Како на фордова лента.
Основната улога на новинарството беше да ја растури деловната способност на општеството и нацијата, тоа беше и сѐ уште е проект на вмро-дпмне, да ги хистеризира и зомбира, да ги опијани луѓето на темата за загрозените национални интереси, лошата ненародна власт и спасот кој може да дојде ако организираме предвремени избори час поскоро.
Тежок идиотизам.
За таа работа Македонија мораше да се дискредитира и компромитира со сите средства и по секоја цена, фрлајќи ја одговорноста, солидарноста и вистината во ендеци и јами.
Колку полошо-толку подобро!
Тоа беше паролата.
Панелистичките мускетари убија со своите мечови големи парчиња од вистината.
Мислам дека беа исселекрирани како амбициозни будали и евтини и надежни субјекти за претворање во идиоти.
Тие се за нов филм кој може да се вика не Борновиот туку Македонскиот идентитет.
Штета што го нема Шишков да плаче, но Атанас би бил добар човек кој знае дека не е тоа што е и не знае што бил, а сепак, нешто го тера да бара да биде ништо.
А сега за темата.
Мислам дека нема, мислам во животот, тема која може да се крсти и да функционира како: Слободата на медиумите, наспроти политичките притисоци и пропаганда, дезинформациите и говорот на омраза: Како понатаму?“
Не постои ништо од ова.
Нема слобода на медиумите, затоа што нема ниту медиуми во слободата.
Не постојат политички притисоци врз медиумите!
Само политички трансфери врз тоа што сѐ уште се легитимира како медиум, а не е. Путери. Тие и такви медиуми се Вагнер група која има задача да го заземе македонскиот Бахмут во името на македонскиот Путин кој се вика вмро-дпмне.
По секоја цена.
По цена да се урне сѐ.
Како и што се урива.
Нема говор на омраза, туку има говор на деструкцијата, тоа што се означува како говор на омраза е лажна и алибична, мека дефиниција.
Што не значи дека омраза нема.
И самоомраза.
Особено кај Македонците.
Нема ниту лажни вести.
Бидејќи сѐ е лага.
Битен е културниот контекст на новинарството и културниот контекст во новинарството.
Се радувам дека свеста за катастрофата во новинарството се шири.
Не сум веќе сам.
Само со радикален однос на граѓанството кое држи до себе може да се направат пробиви.
Тоа е натпартиска работа.
Многу малку ни е потребно да се спасиме и да извадиме карта за наредните сто години.
Не чекајте да ве избркаат од работа.
Излезете сами.
Плукнете им во лице на говњарите.
Јас сум бил во такви ситуации и можам да ви кажам дека тоа е неверојатно чувство на ослободување.
Излезете од Алфа.
И од Телма, оставштината на Атанас.
Предизвикот ќе ве натера да најдете достоинствено решение за својата егзистенција.
Подобро од сегашното слугарство, потчинување и срамотење и срамење.
Појавата на вмро-дпмне е тешка свињарија на еден незрел народ, но…
Јас разбирам некој да бил симпатизер или член на вмро-дпмне пред триесет и кусур години. Разбирам и да бил пред петнаесет години. Љубопитство, нова формација, национални и националистички емоции, надежи општи и лични…
Разбирам да бил член или симпатизер и пред осум години: не ги сфатил процесите, бил корумпиран, децата му ги вработиле тие што го опљачкале, а тој не осетил…
Но, денеска да си во центарот на злото, кај што и чавките престануваат да серат затоа што шупаците им се блокирани во рамките на специјалната операција за блокада и задушување на целата држава, тоа, мислам, може само хуманоид кој е или злосторник или е луд.
Нема трето.
Ама сдсм биле лоши?
Можеби, ако се лоши, бујрум, ајде да ги смениме кога ќе им дојде време, на избори, или веднаш, во Парламентот или со тракторски државен удар на Мрле Македонски во Лет 903, но во секој случај ако имаме подобра понуда.
И контрола на ситуацијата.
Но, да учествуваш во перманентното разградување на општеството и на државата, на националните капацитети – посебно, за да може да падне сдсм и да се врати вмро, е работа за која нема израз ниту во македонскиот јазик, ниту во англискиот, францускиот и шпанскиот, италијанскиот и албанскиот, исто така, нема збор ниту на влашки, ниту на бугарски и српски, нема на ромски, на грчки, нема на арамејски, свахили и латински, нема затоа што историјата не памети ваков феномен.
Ние, односно вие, другари, ја испишувате историјата на политичката историја на светот со нова страница. Со златни букви и илустрации.
Смрт или слобода го прашала Македонецот Вештачката интелигенција?
Смрт, нормално, одговорил нашиот човек!
Изгледа дека сите ве мразат – рекла Вештачката интелигенција.
Да, рекол Македонецот, но никој не може да нѐ мрази така како што се мразиме ние.
Не верувајте затоа што така тврди некој стар документ, не верувајте затоа што е таква верата на вашиот народ, верата на која ве учеле од детството; туку за секоја работа добро размислете. И ако видите дека им прави добро на другите, верувајте во таа работа, живејте ја и помогнете им на другите да ја живеат.
Кој го рекол ова:
а) Гоце Делчев?
б) Перо од Битола?
ц) Христијан Мицкоски
д) Љупчо Коцарев
е) Катица Ќулафкова?
ф) Панде Колемишевски-Адам?
Не, другари, меѓу православно-патриотскиот свет нема такви мудри луѓе. Сѐ се тоа надувани гајди без внатрешни органи, крвни жили и нерви.
Буда, Буда рекол така како што пишува погоре.
Некој ќе рече, Тричко, бе, златен, ние не можеме да мислиме така, затоа што не сме будисти. Јас мислам дека будизмот е духовно супериорен над православието, православието е затапувачка религија, но ние не мислиме како Буда, не затоа што не сме будисти, туку затоа што не сме нормални. Во мислата на Буда нема ништо друго освен една простодушна нормалност и великолепна добронамерност.