ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вучиќ: Во Белград нема да има нов „Мајдан“

May 14, 2023 15:18
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Нема да има нов Мајдан во Белград, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, алудирајќи на промената на власта во Украина во 2014 година и судирите на плоштадот Мајдан во Кијив, откако десетици илјади белграѓани излегоа на улиците оваа недела на протестите под името „Србија против насилството“, пишува Нова.рс.

Опозицијата, која Вучиќ ја обвинува дека сака да ја преземе власта без избори, повика во понеделникот и вчера на протести против насилство во јавен простор. Вучиќ вели дека лидерите на опозицијата се „мршојадци и хиени“ затоа што ги повикале луѓето на протести за време на Денот на жалост по двете трагедии што се случија во Србија.

Во два масовни вооружени напада, во основно училиште во Белград на 3 мај и во три села кај Младеновац еден ден подоцна, загинаа вкупно 17 лица, а 21 лице беа ранети, од кои тројца се во критична состојба.

Во Белград нема да има Мајдан, рече Вучиќ од Смедерево каде денеска беше презентиран дел од 13.500 парчиња различно нелегално оружје што граѓаните ги предадоа на повик наМВР од 8 мај, по двете масовни убиства.

Вучиќ истакна дека нема да прифати тоа да го бараат „фрустрирани лидери на опозицијата, кои не можат да победат на избори и кои се однесуваат како најлоши хиени“, мислејќи дека можат да дојдат до власт со упад во некои институции.

Тој и порача на опозицијата дека има „бесмислени соништа за Мајдан“ во Украина во 2014 година и „за 5 октомври“ кога во 2000 година во Белград беше соборен режимот на Слободан Милошевиќ, откако по повеќе од една деценија на власт тој одби да ги признае изборните резултати и победата на тогашната опозиција.

Вучиќ, чија партија (СНС) е на власт од 2012 година со чести предвремени избори, денеска најави можност следните избори да се одржат најдоцна во септември годинава, а на опозицијата и порача дека нема да можат да бираат кои избори ќе се одржат и ги повика во собраниска процедура согласно Уставот да побараат негова оставка.

Тој најави дека ќе има „интересни одлуки“ на 26 мај, кога повика на масовен собир во Белград, „најголемиот досега во Србија“.

Г. Т.

Tags: властВучиќизбориМајданопозиција
Next Post

Краток водич за изборите во Турција

НАЈНОВО

Временско ЕХО – 28 октомври

October 28, 2025

Христоски: Да го продолжиме развојот, нов капитален проект за секое населено место во Крушево

October 28, 2025
Фото: МНТ

МНТ со „Народен Пратеник“ ја освои главната награда на фестивалот „Борини позоришни дани“ во Србија

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кејти Пери и Џастин Трудо ја потврдија врската со појавување во Париз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk