ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Утре потпишување на анексот на Договорот со кој Коридорот 8 влегува во мрежата на главни коридори во регионот и во ЕУ

May 15, 2023 11:33
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Држава која нема коридори и енергија не може да се развива, порачаа денеска од Владата.

Како што најави денеска на брифинг за медиумите, министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски утре во Црна Гора ќе го потпише анексот на Договорот со ЕУ со којшто Коридорот 8 влегува во мрежата на главни коридори во регионот и во ЕУ, а тоа е и еден од аргументите на Владата за користењето европско знаменце за законските измени за проектот со „Бехтел и Енка“.

Во тој контекст, од Владата ја повторија пораката за важноста од заокружување на изградбата на коридорите 8 и 10д односно на четирите автопатски делници, што ќе ги гради Бехтел и Енка.

За проектот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ не се разговарало многу на неодамнешните средби во САД на владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, бидејќи, како што велат од Владата, станува збор за проект за кој има закон, а опозицијата прави блокади само за дневно-политички цели.

Од Владата повторуваат дека измените на петте закони се со европско знаменце бидејќи беа блокирани од опозицијата, а во тој процес, посочуваат дека ВМРО-ДПМНЕ се крие зад Левица која ги поднесува амандманите.

-Законските измени ќе ја забрзаат изградбата не само на овие, туку и на други проекти од национален интерес, велат од Владата од каде сметаат дека во некоја следна фаза финансирањето на овој проект ќе се дополни со европски средства и оти ќе се вклучат европски компании.

На средбата во Црна Гора, на којашто ќе биде потпишан анексот меѓу Северна Македонија и ЕУ, покрај министерот Бочварски, се очекува присуство на министрите за транспорт во регионот, како и на претставници на Транспортната заедница и на Европската комисија, при што ваков анекс ќе се потпише меѓу сите држави од регионот и Европската комисија.

Одлуката за потпишување на анексот со Европската унија, Владата ја донесе на седница на 10 мај годинава.

Tags: ЕУКоридор 8
Next Post

Приведен насилник баран по централна потерница

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk