ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ако не се донесат уставни измени влегуваме во групата држави без долгорочна перспектива

May 15, 2023 15:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ако не се донесат уставни измени влегуваме во изолација и во група на држави без долгорочна перспектива, брифираат владини извори.

Варијантата А, велат владини извори, е завршување на уставните измени и продолжување – отворање на првото Поглавје, а варијанта Б е незавршување на уставните измени и прекинување на преговорите, Албанија да ги продолжи преговорите, а ние влегуваме во една декада на изолација и ја пропуштаме шансата, имајќи ја предвид новата геополитичка состојба пред се заради Украина.

Во однос на тековниот скрининг процес за усогласување на ЕУ-законодавството, владини извори информираат дека се завршени објаснувачките скринизи за четири кластери, процесот е на половина, останува уште да ги слушнеме во објаснувачкиот дел новините во законодавството на ЕУ во два кластери – Кластер 5 – Ресурси земјоделство и кохезија и Надворешни односи и очекувањата на Владата се тоа да се заврши до есен.

Од друга страна, билатералниот скрининг, а тоа е делот каде што ние презентираме е целосно завршен за кластерите 1 и 2 – Фундаментални предности и внатрешен пазар, додаваат оттаму. Остануваат уште четири поглавја за да се комплетира Кластерот 3 и тоа ќе се заврши до првата недела на месец јуни, а потоа се продолжува со кластерите 4, 5 и 6 – Зелена агенда, Земјоделие и Надворешна политика.

-Веќе влеговме во интензивна комуникација околу подготовката на патоказите, трите патокази што ни се од клучно значење, тоа е за реформи во јавна администрација, водење на правото и функционирање на демократски институции. Тие патокази се всушност услов за отворање на првиот Кластер, нивното завршување. Работиме на воспоставување на институционалната рамка за подготовка на патоказите, но исто така и на начинот на консултација со граѓанските организации и со странски експерти, на пример за владеење на право поканивме експерт од Холандија, за другите исто така има од различни држави. Меѓутоа, особено полагаме внимание на ова бидејќи и овие патокази треба да ни го дадат патот за реформите и потезите во наредните 6 до 7 години, значи до членството, брифираат владини извори.

Оттаму, во однос на информациите што кружат деновиве околу Преговарачката рамка, дека таа се уште не е усвоена и дека допрва треба да се усвојува и разговара, појаснуваат дека Преговарачката рамка беше усвоена во јули минатата година на првата меѓувладина конференција, каде што е констатирано тоа во заклучоците, а дека ќе биде објавена на втората меѓувладина конференција по завршувањето на сите обврски предвидени во заклучоците и Преговарачката рамка, а тоа значи уставните измени.

-Така што, таа е донесена, не може да се преговара, нема повторно да се разгледува, туку само ќе биде објавена тогаш после втората меѓувладина конференција, нагласуваат извори од Владата.

Од Влада ги појаснија и механизмите пред членството во ЕУ, односно согласно новата методологија механизми за наградување и механизми за казнување.

-Механизми за казнување беше враќање на процесот од почеток ако одите назад. Механизми за наградување беше доколку одите добро со реформите станувате дел од политиките на ЕУ и пред членство. Сметаме дека е тоа добар начин да можеме полека, како што е на пример визната либерализација е еден пример како да сме дел од ЕУ. Движењето ни е слободно како на земји-членки, така и на нашето. Идејата е тука да можеме да имаме пристап и до фондови, меѓутоа сметаме дека не треба да се фокусираме само на ова. Ова не е алтернативен пат. Патот е тој до членството, меѓутоа да не биде празен до членството, па потоа да се добиваат бенефитите, туку да може бенефити да има и по патот до членство и мислиме дека граѓаните ќе ги почувствуваат тие бенефити по патот, а тоа е многу важно, бидејќи очигледно фокусирајќи се само на крајната цел се создаваат фрустрации по патот и тоа се гледа кај расположението на граѓаните по однос на ЕУ кое што за жал опаѓа. Мислам дека средствата и политиките ќе бидат многу важни и бенефитите ќе ги чувствуваат во секој дом секој граѓанин, велат владини извори.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВладаЕУМакедонија

НАЈНОВО

Фото: ЕПА/МИА

Роналдо има намера да игра уште најмалку две сезони

May 20, 2025

Милијарди зад затворени врати: Бранимир Јовановиќ предупредува на нетранспарентноста и ризиците од новите „стратешки партнерства“

May 20, 2025

Владата го усвои договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

May 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Матурант пронајден починат кај Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk