ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Скопје е домаќин на меѓународна конференција за урбана отпорност и подготвеност за земјотреси

May 16, 2023 13:11
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ, ОПШТЕСТВО

Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП во соработка со Регионалниот центар на УНДП во Истанбул е домаќин на меѓународната конференција „Урбана отпорност и подготвеност за земјотреси“, на која присуствуваат околу 100 претставници од 19 држави. Експерти од национални институции од целиот свет, градови од регионот, меѓународни организации, претставници на академската заедница, креатори на политики, претставници на граѓанскиот и бизнис секторот работат заедно на развојни политики за зајакнување на отпорноста на градовите.

Конференцијата е дел од серијата активности на УНДП за одбележување 60 години од кастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, кој го претвори градот во урнатини, им ги промени животите на жителите и беше причина за размислување на нови насоки за развој на градот.

„Денеска имаме можност да слушнеме различни панели со професионалци и експерти кои ги презентираат развојните политики на владите, градските управи и размислувањата на академската заедница за теми поврзани со подготвеност и одговор во случај на земјотрес, намалување на ризикот од катастрофи и зголемување на урбаната отпорност, климатската отпорност и зелениот урбан развој, како и презентирање на примери за иновативни пристапи за паметни градови и урбана отпорност во иднината“, рече Марина Валтер, заменичка на регионалната директорка на Регионалната канцеларија на УНДП за Европа и Централна Азија.

„Неодамнешните трагични земјотреси што ги погодија Турција и Сирија, како и претходните земјотреси во регионот – меѓу кои и во Ерменија, Узбекистан, Албанија и Хрватска, нè потсетуваат колку е важно да инвестираме во развивање урбана отпорност и да вложуваме во политики за намалување на ризикот од катастрофи“, додаде таа.

„Катастрофите, а особено катастрофалните земјотреси, имаат значително влијание врз животите на луѓето, врз заедниците и државите. Последиците се загубени животи, раселување, економски загуби и назадувања во развојните придобивки. УНДП имаше значајна улога во обновата на градот по земјотресот и во обликувањето на идното Скопје во најтешките моменти. Солидарноста во Скопје се чувствува и денес, каде и да стапнете во градот. Булеварите, улиците, зградите се споменици на солидарноста. Болници и училишта се именувани според државите што дале помош, исто како и улиците во населбите што биле целосно одново изградени по земјотресот”, рече Армен Григорјан, Постојан претставник на УНДП во Северна Македонија.

26-ти јули е врежан во сеќавањата на луѓето како еден од најтрагичните денови во историјата на земјата. Меѓународната солидарност што беше покажана по земјотресот ги преобрази напорите за обнова во симбол за пријателство и братство меѓу народите. Скопје стана град на солидарноста и целиот свет се обедини за да им помогне на жртвите и одново да го изгради градот.

По првиот конференциски ден, на 17 и 18 мај ќе се одржат практични симулации за намалување на ризикот од катастрофи и обука за подготвеност и одговор на кризи за Европа и Централна Азија. Со тоа, Скопје овие денови обединува професионалци од областа на намалување ризици од катастрофи на УНДП од 19 држави, кои ќе разменат искуства и знаења во врска со спречувањето и намалувањето на ризикот од катастрофи и употреба на најсовремена опрема.

Tags: земјотресиСкопје
Next Post

СПЦ и МПЦ – ОА во канонско единство против родовата еднаквост

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk