ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Тројца мртви, илјадници евакуирани во поплавите во северна Италија

May 17, 2023 12:03
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во поплавите по дводневните обилни врнежи во северните италијански региони Емилија-Ромања и Марке има смртни случаи и предизвикана е штета долж јадранскиот брег на земјата.

Крајбрежната област од вчера е зафатена од силно невреме, а три лица го загубија животот, објавија денеска италијанските медиуми.

Еден маж престојувал на приземјето од својата куќа за време на поплавите и се удавил. Има извештаи и за исчезнати лица.

Провинциите Равена, Форли-Чезена, Римини и Болоња, а особено градовите Фаенца, Чезена и Форли се најпогодени, соопшти италијанската противпожарна служба и посочи дека распоредила 400 пожарникари и одговорила на 600 повици од вчера наутро.

Пожарникарите ги спасувале луѓето кои останале заробени во нивните домови покрај водата и возачите заглавени во поплавите. Во градот Чезена, каде реката Савио се излеа од коритото, службите за итни случаи спасија десетици луѓе заробени на покривите од нивните куќи.

Сликите и видеата направени од противпожарната бригада покажуваат цели улици под вода, одрони од кал што ги блокираат патиштата и полиња кои наликуваат на морски пејзажи. Според Цивилната одбрана, само во Емилија Ромања се поплавени 14 реки.

Дополнително, имаше прекини на струја во повеќе области и проблеми со телефонските врски. На терен се и италијанските спасувачки тимови за планина за да помогнат.

Според министерот за цивилна одбрана Нело Мусумечи, околу 5.000 луѓе се евакуирани.

„Но, може да има повеќе. Ние сме подготвени да интервенираме“, изјави денеска Мусумечи за италијанското радио.

Тој рече дека Владата веќе одобрила 10 милиони евра (10,8 милиони американски долари) за првични трошоци и итни случаи како резултат на поплавите.

Службите за итни случаи користеле хеликоптери за да ги доведат луѓето на безбедно.

Една жена во Фаенца пријавила дека за 10 минути водата се искачила речиси до првиот кат од нејзината куќа. „Мојата соседка беше сама во куќата со четири мали деца, таа повика на помош и никој не дојде. Останавме со нив цела ноќ, во пижами. Децата плачеа. Тоа е катастрофа“, рече таа.

Цивилната одбрана ги повика луѓето на претпазливост во наредните часови. На луѓето кои не биле евакуирани, им било кажано да се засолнат на повисоките катови од зградите, на пример.

Премиерката Џорџија Мелони ја изрази својата „целосна солидарност“ со луѓето во погодените региони.

„Владата внимателно го следи развојот на настаните и е подготвена да ги преземе неопходните мерки за олеснување“, напиша Мелони на Твитер.

Tags: евакуиранижртвипоплависеверна Италија
Next Post

Аеродромите во Белград и Скопје – „жешки точки“ за трговија со луѓе и шверц на мигранти и дрога

Shortcut

Најново

Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

November 25, 2026
Мила Кунис (Wikipedia)

Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

November 24, 2026

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мила Кунис (Wikipedia)

    Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сите сакаат да владеат со светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk