Експремиерот Зоран Заев кој ја предводеше опозицијата во борбата против режимот на Груевски, денеска потсети на денешниот ден кој ќе остане запаметен во македонската историја како ден кога близу 100.000 граѓани побараа слобода, правда и еднаквост. Големиот граѓански собир се одржа на 17 мај 2015 година и го означи почетокот на крајот на структурното насилство на режимот на Груевски.
17.05.2015 – Денот го завршивме со ослободување на просторот пред тогашната режимска Влада. “Граѓаните за Македонија” растеретени од партиското и етничкото го кренаа Кампот на слободата како конечен чекор кон победата на демократијата над автократијата. Упатувам честитки кон сите граѓани чија заслуга е слободата која денес заедно ја живееме и надградуваме, напиша Заев на социјалните мрежи.
Тој сподели и неколку фотографии од поставувањето на Кампот на слободата кој траеше 60 дена.
Д. Е.