ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Време е за фер решение за платите на сите во јавниот сектор, а не парцијални преговарања на 6 месеци, порача Бесими

May 18, 2023 12:26
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Платите во јавниот сектор ќе растат според добровоспоставен систем, на кој веќе активно се работи, односно една методологија која ќе ги опфати сите во јавниот сектор. Платите не се замрзнуваат до идната година, и годинава веќе имаше раст на платите во јавниот сектор за усогласување со минималната плата, согласно системското решение со закон кое го донесовме минатата година. Време е за фер решение за сите вработени во јавниот сектор, а не парцијални преговарања на секои шест месеци, порача министерот за финансии, Фатмир Бесими на одговор на новинарски прашања.

„Во ниту еден случај не е спомнато замрзнување на платите, напротив ние во последните три-четири години во цел јавен сектор има нагорно движење на платите, во образование, во здравство, во безбедносните структури, во инспекторати, судство, обвинителство, секаде кадешто е констатирана потреба, секоја година имало корегирање на платите нагоре. И сега работиме на еднос системско решение кое ќе важи за сите”, вели министерот за финансии Бесими.

Министерот посочи дека сегашниот систем на плати во јавниот сектор е многу фрагментиран, има парцијални решенија кои делумно ги решаваат работите, а создаваат поголеми проблеми. Со новото решение, а во соработка со синдикатите, кои се партнер на Владата, ќе се надмине овој проблем и ќе се креира фер систем за сите вработени. Бесими истакна дека од општ интерес е ова решение што побргу да се постигне. Досега Владата докажала дека може да воспостави добар систем и одржливи решенија преку законските решенија за усогласување на пензиите и минималната плата. И тоа е заеднички успех на Владата и синдикатите постигнат преку инклузивен процес и конструктивен дијалог во рамките на Економско социјалниот Дијалог.

Tags: БесимиМФплати
Next Post

Тренчевска: Сржта на националните политики и законодавство се еднаквите можности, пристапот до пазарот на труд, праведни услови за работа и инклузивност

Најново

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk