ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Со штетните влијанија на корупцијата се запознаа учениците од ОУ „Коле Неделковски”

May 19, 2023 14:55
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Кампањата „Бидете херои на чесноста” за борба против корупцијата денеска продолжи во основното училиште „Коле Неделковски” со цел да ги охрабри учениците од основните училишта да станат херои на чесноста промовирајќи интегритет, транспарентност и одговорност во општеството.

„Ние како наставници не сме само дел од образовниот процес, туку активно учествуваме и во воспитувањето на учениците, буквално како втори родители. Токму затоа имаме одговорност да им го покажеме вистинскиот пат и да бидеме пример од кој ќе може да научат дека чесноста, интегритетот и етичноста се доблести за секој човек, за секое дете и ученик”, изјави директорката на училиштето, Светлана Масларевска.

Оваа кампања на Државната комисија за спречување на корупцијата е дел од Активноста за анти-корупција и интегритет која ја спроведува Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС, а е финансирана од УСАИД.

„Потребно е да ги едуцираме идните генерации за штетите од корупцијата од мали нозе, за да имаат втемелени вредности за интегритет и чесно однесување во општеството. Токму затоа, заедно со родителите и наставниците да им го покажеме патот на посветеност за борба против корупцијата и негување култура на транспарентност и одговорност”, истакна Билјана Ивановска, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Преку кампањата ученците и ученичките се едуцираат за поимите интегритет и корупција, сé со цел да се подигне свеста кај нив за штетните ефекти од корупцијата, како и да создадеме антикорупциско движење во земјава кое би придонело за општество со нулта толеранција за корупција.

„Ние живееме во демократски општества и треба да им ја покажеме на најмалите штетата од корупцијата која го попречува општествениот напредок. Вистинско време е за учениците да се запознаат и да ја препознаат корупцијата низ секојдневните примери, бидејќи и кога некоја ситуација навидум изгледа безопасно, сепак може да ги поткопа темелите на демократијата и правниот систем”, рече Златко Симоновски, проектен службеник при Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во Скопје.

До крајот на годината предвидено е да се посетат вкупно 13 училишта во кои ќе се едуцираат учениците и ученичките како да се сузбие корупцијата во земјава. Првиот настан од кампањата се одржа во основното училиште „Петар Поп Арсов” во општина Карпош, во која учествуваа 120 ученици од седмо до деветто одделение. Настанот започна со интерактивен разговор на учениците со познатиот актер Игор Ангелов, во својство на водител на едукативното предавање, а според сценарио на Елеонора Венинова, истакната македонска режисерка и сценаристка.

Tags: Ивановскакорупцијаученици
Next Post

Герасимовски: 130 решенија од по 7.000 денари за семејствата со новороденче во Центар

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk