ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Битиќи во „Мултипарк Изаири“: Дијаспората е охрабрена да инвестира во татковината, финансиски и партнерски ја помагаме

May 19, 2023 18:57
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: Влада.мк

Фото: Влада.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи се обрати на отворањето на „Мултипарк Изаири“, во општина Боговиње, Тетовско, компанија која произведува бакарни жици кои во главно се користат во индустријата поврзана со енергетиката, основана од браќата Нухи и Неби Изаири, повратници од Германија.

Во неговиот говор вицепремиерот Битиќи рече дека овој ден е јасен показател дека како Влада, длабоко сме посветени на создавање стабилен економски амбиент преку ефикасни економски политики за кои сведочи и успехот на оваа компанија со која Владата партнерски соработува уште од нејзините почетоци.

„Поддршката на Владата, која преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите ја поддржува оваа компанија, е показател за успешните економски политики на земјата, и создава поволна клима за компаниите, стимулирајќи ги да влезат во нови инвестициски циклуси. „Мутлипарк Изаири“ во 2021 година го потпиша договорот за инвестициска финансиска помош, а само за инвестицискиот циклус од таа година компанијата доби државна финансиска помош од 47 милиони денари која ќе продолжи до крајот на нивниот проект“, рече Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи во неговиот говор пред присутните информираше дека „Мултипарк Изаири“ е поддржана со мерките „Капитални и доходни инвестиции“ како и преку мерката „Парамичен регионален развој“, но вреди да се истакне и финансиската поддршка што ја нудиме преку мерката „Враќање од дијаспора“, која за Владата е од посебно значење.

„За нас е важно да обезбедиме да сите региони имаат исти можности за раст и економски напредок. Во оваа насока, Владата презеде мерки за правичен регионален развој, а резултатите се видливи. Денес ветеното е исполнето, минатата година над 66 % од финансиската поддршка беше насочена кон еднаквиот регионален развој. Ова не е само бројка, туку доказ за нашата решеност да го промениме економската слика на нашата земја и да поттикнеме еднакви можности за сите наши граѓани“, рече Битиќи, кој во неговото обраќање посебен акцент стави на дијаспората.

„Не можеме да ја заборавиме дијаспората, која е длабоко поврзана со нашиот идентитет и историја. За нас дијаспората е голем извор на знаење и важен партнер во нашиот економски и културен развој. Затоа, горди сме што презентираме уште едно исполнето ветување, 15% финансиска помош претприемачите од дијаспората. Оваа помош е израз на нашата грижа и покана да ни се придружат во градењето на светла иднина за нашата земја“, рече Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи рече дека „Мулипарк Изаири“ ја симболизира визијата и заедничките напори на Владата, инвеститорите и граѓаните за изградба на одржлива и правична економија.

„Во оваа компанија не гледаме само успешна деловна иницијатива, туку и плодно поле за иновации, соработка и економски раст. Денес, ние сме горди на нашите заеднички достигнувања и на патот што го поминавме за да стигнеме овде. Но, ова е само почеток на долгото патување до успех и одржлив раст. Оваа компанија е конкретен пример за нашата посветеност да отвориме нови работни места, да го помогнеме економскиот развој и да ја зголемиме благосостојбата на нашите граѓани. Веруваме во нашиот потенцијал да создадеме поволна средина за бизнисите, обезбедувајќи ја потребната поддршка за зголемување на иновациите и конкурентноста на глобалниот пазар“, рече Битиќи во неговото обраќање и порача да работиме заедно за да го реализираме нашиот потенцијал, да ги зголемиме инвестициите, да отвориме нови работни места и да влијаеме на економскиот раст на нашата земја.

Tags: Битиќидијаспораинвестиција
Next Post

Бајден одобри обука на украинските пилоти со Ф-16 од четвртата генерација

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk