ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Охридскиот Рамковен договор гo издржа тестот на времето и покажа дека е успешен концепт

May 27, 2023 17:40
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска учествуваше на панел-дискусијата на тема: „Важноста и улогата на Охридскиот рамковен договор на патот кон ЕУ и спроведувањето во однос на помалку бројните заедници“, на која изјави дека она што го имаме направено во изминатите две децении со Рамковниот договор, е голема вредност и позитивен влог, со којшто влегуваме во преговорите со Европската Унија, соопшти владината прес-служба.

Она што ние сме го надминале пред 22 години, денес се чини невозможно во регионот, затоа за Европа, па и во ЕУ, важиме за успешна приказна од која можат да учат и другите. Концептот на нашиот Устав, согласно Рамковниот договор, помогна и во преговорите со Бугарија, правејќи ги бугарските барања во една рамка и порационални, создавајќи услови за влез на Бугарите во Уставот според рамката која сега ја имаме, истакна Маричиќ, потенцирајќи дека не е нешто што ќе направи турбуленција или промена на она сега го имаме, додавањето на уште неколку заедници во нашиот Устав.

Тој истакна дека Рамковниот договор е единствен успешен дипломатски потфат во рамките на поранешна Југославија на ЕУ и на САД, кој е круна на дипломатските напори и еден од столбовите на стабилноста на Западен Балкан.

Многу е важно да сфативме дека Охридскиот рамковен договор и начинот на негово функционирање со сите предности и мани, особено со кохезијата која ја овозможи во општеството, е модел на којшто сериозно можеме да се повикаме и да го споделуваме како успешен модел на менаџирање на етничките и културните идентитети, посочи Маричиќ.

Во рамки на преговорите со ЕУ, вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ укажа дека ни претстои процес на подготовка на Патоказ за владеење на правото, во чии рамки е и Акцискиот план за заштита на малцинствата, во кој ќе ги одредиме мерките за заштита зајакнување на позицијата на секаков вид на малцинства не само етнички, треба да ја направи нашата политичка агенда на тој план до членство во ЕУ.

Маричиќ на крајот од своето излагање кажа дека многу е битно Охридскиот рамковен договор да не остане во таа форма на договор, туку да биде еден жив политички концепт.

Мислам дека тоа е клучното во она што го правиме и во она што го работиме. Започнавме пред неколку години со концептот „Едно општество за сите“, коешто треба да го замени називот Охридски рамковен договор и да го преведе во тој политички концепт, бидејќи Охридскиот рамковен договор е преведен во институционален концепт преку Уставот, институциите па и начинот на којшто тие функционираат, начинот на којшто функционира Собранието, локалните совети итн., рече Маричиќ.

Вицепремиерот истакна дека целта на овој политички акт е секој да се чувствува еднакво и Северна Македонија да биде дом за сите таква што со години и со векови е и дека Владата има големо разбирање за овој политички концепт.

На панел дискусијата учествуваше и пратеничката Санела Шкријељ која се осврна на значењето на Комитетот за односи меѓу заедниците, како работно тело на Собранието на Република Северна Македонија, кој има голема улога, но и одговорност во остварувањата на општите и посебните права на заедниците.

Со ова Комитетот има голема улога и придонес во развојот на мултикултурната и мултиетничката димензија на македонското општество, на вистински соживот и почитување на различностите на сите граѓани, а со тоа и јакнење на парламентарната демократија, рече пратеничката Шкријељ.

Заменик министер за политички систем и односи меѓу заедниците Џабир Доко, пак, додаде дека Охридскиот рамковен договор е еден од клучните историски моменти на нашата држава и пример за тоа како можат да се решат кризите и да се чекори напред во мир и стабилност.

На панел дискусијата организирана од Здружението за млади, демократија и човекови права УФУК-Скопје учествуваа и Исмет Рамадани, претседател на Евроатлантскиот совет на Северна Македонија и Александар Бајдевски, заменик-министер за информатичко општество и администрација.

Tags: Маричиќпанел дискусијаРамковен договор
Next Post

Нов голем протест „Србија против насилство“, демонстрантите ќе направат обрач околу РТС

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk