Професор Билјана Ангелова, кандидат за ректор на УКИМ денес пред Сојузот на стопански комори на Македонија ја презентираше својата програма за работа 2023-2026 годинa.
Во програмата е предвидена интензивна соработка помеѓу бизнис секторот и Универзитетот Кирил и Методиј. Таа кажа дека ССК и УКИМ заедно можат да започнат успешна соработка каде што студентите и академската заедница ќе имаат можност да се придружат во оваа заедничка визија за иновација, раст и напредок и додаде дека само заедно можеме да создадеме подобра и успешна иднина.
Претседателот на ССК Трајан Ангелоски истакна дека со соработка помеѓу Сојузот на стопански комори и Универзитетот имаме за цел да инвестираме во развојот на идните лидери и претприемачи, пред се преку директна финансиска поддршка на истражувачки и развојни проекти, споделување на ресурси и менторство. ССК ќе ги повика своите членки помасовно да понудат учество во реализирањето на проектите и да понудат можности за пристап на нови практични искуства на студентите, оформување на стартап компании и поддршка на иновации на академскиот кадар.