НАТО вечерва соопшти дека најостро ги осудува неиспровоцираните и целосно неприфатливи напади врз војниците на мисијата на КФОР во северниот дел на Косово и ги повика сите страни да се воздржат од потези кои ги зголемуваат тензиите.
Портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску, во писмена изјава нагласи дека во тие напади се повредени повеќе војници на КФОР и дека насилството „мора веднаш да престане“.
#KFOR statement pic.twitter.com/kfYybyqC2G
— NATO Kosovo Force – KFOR (@NATO_KFOR) May 29, 2023
„Ги повикуваме сите страни да се воздржат од потези кои дополнително ги разгоруваат тензиите и да се вклучат во дијалог. Кфор ќе ги преземе сите неопходни активности за одржување на сигурна и безбедна средина и продолжува да дејствува непристрасно, согласно мандатот добиен врз основа на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации од 1999 година“, додаде Лунгеску.
Шефот на канцеларијата на ЕУ во Косово, Томаш Шуњог, остро ги осуди денешните насилни акции на демонстрантите во Звечан врз војниците на КФОР и повторно повика на намалување на тензиите.
„ЕУ во Косово силно ги осудува насилните акции на демонстрантите денеска во Звечан, вклучително и употребата на експлозиви против мировниците на КФОР“, напиша Шуњог на Твитер.
The EU in Kosovo strongly condemns the violent actions of protesters in Zvecan today, including the use of explosives, against @NATO_KFOR troops keeping the peace. We reiterate our call for an immediate halt to violence and de-escalation of tensions.
— Ambassador Tomáš Szunyog (@EUAmbKS) May 29, 2023
Тој додаде дека ЕУ го повторува повикот за итен прекин на насилството и намалување на тензиите.
Италијанскиот весник „Ла Република“ објави дека во судирот меѓу КФОР и Србите во Звечан се повредени 41 припадник на КФОР, од кои 11 италијански војници.
Амбасадорот на Велика Британија во Косово, Николас Абот, изјави дека нападите на демонстрантите врз војниците на КФОР и новинарите се неприфатливи.
Тој нагласи дека земјите на Квинта и ЕУ јасно ставиле до знаење дека, како што рече, мора веднаш да се преземат активности кои ќе ја деескалираат ситуацијата.
Attacks on @NATO_KFOR personnel and journalists are criminal and unacceptable. As the Quint have made extremely clear – actions need to be taken immediately to de-escalate and reduce tensions.
— Nicholas Abbott (@nickabbottfcdo) May 29, 2023
„Нападите врз припадниците на Кфор и новинарите се криминални и неприфатливи. Како Квинта, јасно ставивме до знаење дека мора да се преземат итни активности за да се смири ситуацијата и да се намалат тензиите“, порача Абот.
Актуелните политички настани во Косово уште еднаш ја разбрануваа атмосферата и им оневозможија на новинарите веродостојно и без пречки да ги извршуваат новинарските обврски, соопшти организацијата „Безбедни новинари“ (Safe Journalists).
🚨🚨The current political occurrences in Kosovo have once more stirred up an atmosphere that has hindered the ability of journalists to carry out their expected responsibilities with credibility and without obstacles ‼️https://t.co/8B1kcVLdg4
— Safe Journalists (@WBjournalists) May 29, 2023
Досега се документирани вкупно седум инциденти со напади врз новинари и медиумски работници во градовите кои се наоѓаат во северниот дел на Косово.
Настаните на северот на Косово вклучуваат физичка агресија, напад врз редакцијата на порталот Перископи, како и случаи на уништување и вандализам на имот на медиумски работници и нивните редакции, како ТеВе1, Дукаѓини, Калко и Топ чанел.
Г. Т.