Тиииит! Инк. и Период-Скопје ја организираат Конференцијата „Кршење на табуата: Менструална правда за сите!” на 31 мај (среда) во хотел „Холидеј Ин” во Скопје, со почеток во 10 часот.
Настанот е предвидено да заврши до 16:30 часот.
На конференцијата ќе учествуваат претставници на граѓански здруженија, членки на парламентот на Рeпублика Северна Македонија и други државни институции.
Конференцијата цели да даде поттик кон промени во јавните политики кои би довеле до системски решенија и создавање на функционални механизми и мерки во врска со менструирањето како дел од напорите за подобрување на сексуалното и репродуктивно здравје, а следејќи ги насоките на Светската здравствена организација и препораките од ООН Комитетот за елиминација на сите форми на дискриминација на жените.