Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврана во Куманово 22 литри на метар квадратен, во Пожаране 16 и во Крушево 12 литри, информира УХМР.
Во текот на ноќта времето беше променливо облачно, на северозапад со локален дожд. Утрово е сончево со мала до умерена облачност.
Денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 27 степени.
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе достигне 26 степени.