ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Георгиев: Критиките се основани поради предмети од СЈО што застаруваат

May 30, 2023 13:52
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Непријатни се таквите укажувања и изјави, но во целата оваа состојба ве уверувам дека работиме согласно законот и тој не е прекршен, изјави претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев, по негативните оценки на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп и на претседателот на државата Стево Пендаровски за работата и случувањата во Советот, додавајќи дека не навлегуваат во политички видувања и констатации на кои, како што рече, тие имаат право.

-Ако имаат некаков сомнеж, бидејќи се спомнуваа некакви коруптивни елементи, има надлежни институции и тие нека ја испитуваат работата. Јас сум назначен неполн месец и можам да одговарам, и индивидуално, и колективно, и доколку има некакви сомнежи институциите слободно нека проверат, изјави Георгиев денеска за медиумите откако Судскиот совет вчера се огласи и со соопштение.

Тој се согласува дека „има простор за критики“, пред сѐ, од тоа што нема завршница за голем дел од, како што рече, сензитивни предмети на Специјалното јавно обвинителство, дека е тоа „стар проблем кој веќе некое време се провлекува и е во општата перцепција“, како и во делот на владеењето на правото. Нагласи дека тоа е обврска на која треба да работат.

-Очекувам дека Советот во согласност на неговите надлежности за многу кратко време ќе покаже дека работи и дека ќе имаме резултати во тој дел. Но, тука ги повикувам сите – и судовите, пред сѐ судиите, апсолутно треба да посветат внимание на тие сензитивни предмети и да имаат завршница. Создаваме недоверба кај граѓаните зашто некои предмети застаруваат и тоа е реален проблем. Во тој дел се согласувам и со амбасадорот и со сите релевантни критики. Апсолутно мора да се понесе одговорност во секторот правосудство, а ние како Совет мора да ги следиме тие состојби. А ако детектираме некој проблем, согласно надлежностите постапуваме, рече Георгиев.

Во најскоро време, рече тој, ќе иницираат средба со амбасадорот на Холандија за да разговараат. Не се согласува со изнесените ставови на Дирк Јан Коп дека претседателот на Судски совет е избран на колегиум и смета дека и разрешувањето на неговата претходничка Весна Дамева и неговото назначување за прв човек на Советот биле спроведени законски.

-Знаеме како е избран претседателот, со број на гласови согласно законот, на јавна седница. Меѓутоа, се случија настани во Советот, имавме разрешување на претходната претседателка. По четири до пет месеци се изгласа недоверба на колешката. Верувам се создаде можеби чувство на каков начин, дали било процедурално. Согласно Законот за Судски совет е пропишана процедурата за избор на претседател, согласно истиот закон не е пропишана процедура за разрешување на претседател. Со мнозинство, најмалку осум, се избира претседател, рече Георгиев.

Нагласи и дека е апсолутно мнозинство тоа што девет од 13 члена на седница гласале за разрешување на претседателката и дека „веројатно има причина зошто гласале за разрешувањето“, а „некој од релевантните фактори“ треба да се праша зошто девет члена гласале за разрешувањето на Дамева.

Смета дека случувањата во Советот не се претставуваат како што се. Освен дека нејзиното разрешување било поради нарушени меѓучовечки односи, како што веќе беше претходно соопштено, Георгиев не прецизираше детали и заради заштита на интегритетот на некои членови од Судскиот совет тогаш одлучиле седницата за разрешувањето да биде затворена за јавноста.

-Јавноста ќе остане без податок кои се тие меѓучовечки односи до тој степен нарушени, а ние за да го заштитиме интегритетот, сега испадна дека нешто се крие во Советот. Ве уверувам дека состојбата не е таква, додаде претседателот на Судскиот совет.

Во однос на најавата дека Холандската амбасада ќе прекине финансирање на проект, посочи дека и самиот е вклучен во тој проект и дека тој се однесува на транспарентност и отчетност на работењето на Судскиот совет за што се обучуваат од судии од Холандија.

-Имавме добра соработка и се надевам дека таа ќе продолжи во иднина. Иако е во мирување проектот, очекувам дека за кратко време ќе се препознаат позитивните оценки од работењето на Судскиот совет и дека во догледно време ќе продолжи овој проект, истакна Георгиев и додаде дека Судскиот совет е отворен за соработка со амбасади и со релевантни фактори од Европската Унија со цел да се надградува за функционирање во согласност со европските вредности.

Tags: Георгиевсудски совет
Next Post
Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Информацијата за укинување на организациските директори во Клиниките доставена до Владата

Shortcut

Најново

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
Протести во Албанија, октомври 2026 (globalnews.ca)

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ) Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Брвеница избира градоначалник: Во трка се шест кандидати

October 18, 2026

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk