ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хакерски напад од 114 земји врз платформата за спроведување на завршните испити во средните училишта во Грција (ДПЛ)

May 30, 2023 16:25
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Најзначаен напад што досега бил извршен врз грчка јавна владина организација, го карактеризираат од Министерствата за образование и дигитална политика на Грција, денешниот хакерски напад на платформата за спроведување на завршните испити во средните училишта во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Втор ден по ред хакерските напади создаваат проблеми во спроведувањето на испитите, а според надлежните Министерства вчера, постоела масовна посета на мрежата со 280.000 конекции во секунда, а денеска платформата со темите имала 165 милиони посети од 114 земји.

– Малициозните напади беа повторени рано наутро, овој пат насочени кон инфраструктурата на платформата на Националната мрежа за технологија и истражување. Нападите беа одбиени од надлежните служби, а сме во консултации со Обвинителството на Врховниот суд и Секторот за борба со електронски криминал за неопходните дејствија, соопштија од Министерствата за образование и за дигитална политика на Грција.

Грчката новинска агенција АНА-МПА пишува дека по денешниот втор хакерски напад реагирал обвинителот од Врховниот суд Исидорос Дојакос кој побарал детална истрага, но и помош од Секторот за борба со електронски криминал.

Од Министерствата за образование и дигитална политика истакнаа дека случајот се однесува исклучиво на интерните полагања во средните училишта и во никој случај не е поврзан со државните испити за запишување на факултет кои започнуваат в четврток и ќе се одржат со целосна безбедност.

Tags: Грцијахакерски напад
Next Post
Фото: Укринформ

Украинските сили продолжуваат да напредуваат на периферијата на Бахмут гранатирајќи ги „вагнерците“ кои го напуштаат градот

НАЈНОВО

Трајановски најавува целосна дигитализација и транспарентност во Општина Аеродром

October 25, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Вашингтон распоредува флота и бомбардери во Карибите – официјално „против дрога“, неофицијално против Мадуро

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk