Податоци на Евростат (Европски завод за статистика) за 2021 година покажуваат дека најмногу автомобили во земјите од Европската унија на 1.000 жители имало во Полска (687), Луксембург (682), а најмалку во Романија (400) и Латвија (404). Во Северна Македонија се регистрирани 231 патничко возило на 1.000 жители, во Хрватска 465, во Словенија 564, а во Србија на 1.000 жители се регистрирани 325 патнички автомобили, пренесува N1.
Евростат објави дека просечниот број на патнички автомобили по жител во Европската унија во 2021 година се зголемил од 0,53 на 0,57.
Земјите од западниот дел на ЕУ забележале повисоки стапки на патнички автомобили на 1.000 жители од земјите од централна и источна ЕУ. Сепак, на регионално ниво, имаше значителни разлики во сопственоста на автомобили во рамките на ЕУ.
Највисока просечна годишна стапка на раст на патничките автомобили на 1.000 жители во периодот од 2001 до 2021 година меѓу членките на ЕУ забележала Романија (5,4 отсто), а по неа е Полска со 4,5 отсто.
Генерално, балтичките, источноевропските и централноевропските земји на ЕУ забележаа посилен раст од западните земји на ЕУ меѓу 2001 и 2021 година, заклучува Евростат.