Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Марко Асенсио е блиску до преселба во Пари Сен-Жермен.
Според „As“, 27-годишниот Шпанец во наредните денови ќе стане играч на ПСЖ, доколку нема непредвидени потешкотии во преговорите со Парижаните. Асенсио ќе потпише договор за период од 4-5 години.
За играчот од средниот ред беа заинтересирани Челзи, Ливерпул и Астон Вила, но најмногу му се допадна понудата на ПСЖ.
Реал Мадрид се обиде да го задржи Асенсио во тимот и понуди продолжување на договорот кој истекува оваа сезона, но фудбалерот не сака да ги почнува натпреварите од клупата за резервни играчи.
Асенсио оваа сезона на 30 натпревари во Примера постигна девет гола и шест асистенции.