ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери: Немаме друга алтернатива освен да продолжиме да се бориме за опстојување на системот на владеење на правото

June 2, 2023 10:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Немаме друга алтернатива освен да продолжиме да се бориме за опстојување на системот на владеење на правото, над системот на владеење на силата и менувањето на границите со употреба на сила, порача претседателот на Собранието Талат Џафери во обраќањето на Состанокот на високо ниво на претседатели на парламенти на земји членки на НАТО „Глобални предизвици, глобални партнери, глобален НАТО“, што се одржува денеска и утре во Вилнус.

Нашата битка, посочи Џафери, мора одлучно да продолжи преку зајакнување на постојните партнерства и потрага по нови, креативни партнерства и сојузи со држави и организации кои сè уште веруваат во свет заснован на демократски и либерални вредности, нивна заштита, долгорочна одржливост и резистентност кон овие негативни процеси. Нам како претставници на народот, ни останува да продолжиме да ги промовираме вербата и исправноста на мултилатерализмот, како единствен механизам кој овозможува мир и просперитет во светот.

Тој истакна дека државава со исполнувањето на стратешката цел – зачленувањето во НАТО, успеа да ја заштити независноста, територијалниот интегритет, неповредливоста на меѓународно признатите граници, но и да промовира добрососедска политика и стабилност во поширокиот регион.

-Мојата земја, Република Северна Македонија, е пример на земја која беше увозник, а денес е извозник на мир, активен партнер и контрибутор на Алијансата. Нашите заложби за придонес кон глобалниот мир и безбедност претставуваат водилка за нашите институции, за нивна континуирана подготовка на капацитети и способности за учество во меѓународните мисии и операции на НАТО, но и на Европската унија и Организацијата на Обединетите Нации, рече Џафери.

Тој укажа дека новите глобални безбедносни и геополитички трендови во себе носат закани по безбедноста на државите, за кои е потребно градење на соодветни механизми за одговор и посеопфатно делување од страна на сите чинители.

Промените во безбедносната средина, посочи Џафери, не дозволуваат заканите да се поимаат издвоено, како претходно, туку бараат осовременување на капацитетите и подготвеност за одлучно делување. Тука особено би ги издвоил растечките влијанија на трети земји, миграциските текови и климатските промени, пандемиите, хибридните закани, лажните вести и дезинформации, фрагилноста на системите за снабдување, зависноста од стратешки значајни ресурси и вештачката интелигенција.

Според Џафери, денес за жал сме сведоци на различни поимања на примената и функционирањето на мултилатерализмот, како и на воведување на нови модели на наводна алтернативна демократија. Таквите системи на уредување, укажа тој, си обезбедуваат внатрешни правни гаранции за неограничено владеење, за оправдано демонизирање на политичките опоненти, негирање и криминализирање на слободата на говорот. Она што уште повеќе загрижува, како што рече, е нивниот тренд за извоз на ремоделирана демократија надвор од нивните граници и придобивање на други држави во ново креираниот поредок. Меѓу инструментите кои ги користат за оспорување на глобалниот демократски политички пејзаж се хибридните закани, лажните вести и дезинформации кои директно влијаат на безбедноста на нашите општества, а сето тоа без употреба на војска или воено оружје.

-Нивното таргетирано влијание преку идеолошка војна ja погодува нашата демократска отпорност, ја намалува довербата на граѓаните во демократски избраните влади и парламенти и перцепцијата на граѓаните дека институциите имаат капацитет да се справат со овие појави. Нашиот регион на Западен Балкан е жив сведок на овие активности, особено во последната деценија. Прашањето кое тука се поставува е дали НАТО се менува и дали ние како земји членки и како парламенти придонесуваме во таа промена и адаптација за иднината? Лично сум убеден дека досега успешно се носиме со проблемите и дека во историјата на Алијансата, никогаш не сме биле по обединети за нејзиното опстојување и промоцијата на нејзините вредности и можности на светската политичка и безбедносна сцена. Во овој комплексен мулти-поларен свет, кој ја предизвикува глобализацијата и мултилатерализмот, дополни тој, како држави и политичари мораме да делуваме брзо и да ја спречиме ваквата фрагментација, бидејќи претставува сериозна закана за целиот свет, рече Џафери.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МолдавијаСобраниеЏафери
Next Post
Романските Гепарди пукаат за време на вежба. Фото: Армија на САД

Американците обезбедија „Гепарди“ - самоодни противвоздушни системи што итно ѝ се потребни на Украина

НАЈНОВО

Макрадули: Станува јасно зошто Влазата не ги исполнува ветувањата

September 10, 2025

БРТ е единственото решение за брз и ефикасен превоз во Скопје, смета Шукова

September 10, 2025

Шукова: Тешка манипулација е дека Вардариште може да се направи парк

September 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • EXIT ќе го носел. А бе оди прај си Ѓурѓовден на Три Круши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мижи Митро, толумби паѓат и Орце ќе го донесе EXIT во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија на крстопат: Резолуција што може да го одблокира европскиот пат!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Али и Мали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk