Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников во интервју за CNA на маргините на дијалогот Шангри-Ла на IISS во Сингапур ги отфрли тврдењата на Москва дека го освоила Бахмут во областа Доњецк, јавува дописникот на Укринформ.
„Го користиме Бахмут како упориште за да ја намалиме нивната офанзивна способност [на Русија]. Ние [сè уште] ја контролираме оваа територија. [Но] Бахмут повеќе не е град. Тие [Русите] збришаа сè. Нема станбени згради, нема градинки, нема болници. Ништо. Тоа е празно место“, изјави Резников.
Според најновиот извештај на Институтот за изучување ба војната (ISW) со седиште во Вашингтон, шефот на озлогласената платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, на 4 јуни тврдеше дека украинските сили можеби ги вратиле позициите во југозападниот дел на Бахмут, поддржувајќи ги повторените украински извештаи дека украинските сили ги задржуваат позициите во југозападната периферија на градот. Пригожин тврдеше дека некои неодредени извештаи сугерираат дека украинските сили воспоставиле набљудувачки пунктови во југозападното предградие на Бахмут.
Пригожин препорача руските сили во Бахмут да преземат акција доколку овие извештаи се вистинити. Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Маљар и други украински официјални лица континуирано известуваат дека украинските сили ги задржуваат позициите во југозападното предградие на Бахмут од 20 мај, кога Пригожин тврдеше дека силите на Вагнер го зазеле целиот град.
Командантот на копнените сили на вооружените сили на Украина, генерал полковник Олександр Сирскиј објави соодветното видео на Телеграм кое покажува како украинските тенкисти ги уништиле руските позиции за време на напад во секторот Бахмут.
Тој напиша дека тенковите на третата одделна јуришна бригада ги уништиле Русите за време на нападот на непријателските позиции во насока Бахмут.
Сирски истакна дека одбранбените сили работат. „Продолжуваме да одиме напред“, рече тој.
На 4 јуни Сирскиј рече дека ситуацијата во источниот сектор станува се посложена, но има напредок на одбранбените сили на Украина во некои области на фронтот.
Д. Мишев / Цивил Медиа