ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Средба Филипче-Тавила: Северна Македонија има еден од најдобрите системи за рано предупредување на болести и епидемии во регионот

Во врска со корона вирусот Филипче, по средбата што се одржала вчера, изјави дека целиот систем е подигнат на високо ниво на будност и дека се следи секоја информација што доаѓа, како од релевантните странски институции, така и од соседните земји.

February 15, 2020 13:23
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче одржа координативен состанок со шефицата на канцеларијата на СЗО во Скопје Џихан Тавила и претставници на агенциите на Обединетите Нации: UNDP, UNFPA и UNICEF кои имаат директна поврзаност со системот на здравство, соопшти денеска Министерството за здравство.

Во врска со корона вирусот Филипче, по средбата што се одржала вчера, изјави дека целиот систем е подигнат на високо ниво на будност и дека се следи секоја информација што доаѓа, како од релевантните странски институции, така и од соседните земји.

-Соработката со СЗО продолжува и натаму. Во овој момент е актуелно прашањето на епидемијата од корона вирус. Многу е тешко сега да се претпостави кога епидемијата ќе го достигне пикот, има се повеќе и повеќе нови случаи, пред сé во Кина. Можам да кажам дека ние сме целосно подготвени да се соочиме со овој предизвик. Целосно е подготвен здравствениот систем во смисла на превенција и препознавање на случаи, патници коишто биле во контакт со заразени пациенти. Имаме организиран систем со кој авио-компаниите ни укажат на тоа доколку некоја група патници доаѓа од Кина. Кај нас, ниту пак во регионот нема сомнителни ниту позитивни на корона вирус. Целиот систем е спремен, како превентивниот систем така и системот на препознавање и системот на транспорт. Спремни се одделенијата во инфективните болници, имаме во овој момент сосема доволно опрема, во фаза сме на набавка и на дополнителна медицинска опрема, како и заштитна во случај да тоа се изнуди како потреба и се појави еден или повеќе заразени пациенти, истакнува Филипче.

-Би сакала повторно да ги уверам сите дека одблизу ја следиме ситуацијата, капацитетите на земјата се подготвени во случај на можно појавување на корона вирусот. Системот за рано предупредување и рана интервенција е прилично добар. Ние велиме дека Северна Македонија има еден од најдобрите системи за рано предупредување во однос на болести и епидемии во целиот регион, изјави Тавила.

Засега, Министерството за здравство има информација за двајца наши државјани што се позитивни на корона вирус, еден член на екипажот на јапонскиот крузер хоспитализиран во јапонска болница, но со лесна клиничка слика и уште една наша државјанка која е во изолација во болница во Франција. За нивното враќање дома Министерството за здравство ќе биде навремено известено од тамошните власти, по што ќе бидат преземеме сите потребни мерки.

Next Post

Костадинов убеден дека за Законот за Јавно обвинителство ќе гласаат над 80 пратеници

НАЈНОВО

Орце и Мицкоски Скопје „72 часа чисто Скопје“

„Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

Рокас до Мицкоски: ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста е ваша

November 6, 2025

Мицкоски за Извештајот од ЕК: Остануваме целосно посветени на европскиот пат

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk